• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Несебични дела на добрина ширум Македонија – стотици хумани граѓани забележани како делат млеко на случајни минувачи

27 април 2018, 11:22
  • cподели

Изминативе неколку дена низ улиците, парковите, маркетите и практично на секакви локации во сите градови низ државата, беа забележани повеќе хумани лица како подаруваат цели пакувања Битолско млеко на случајни минувачи.

Се запрашавме дали се работи за некаква промоција, меѓутоа добивме одговор дека тие едноставно прават чин на добро дело. Велат со подарувањето Битолско млеко, тие всушност подаруваат здравје како еден хуман гест на чинење добрина.

Бимилк

Интересна идеја, нема збор! Откривме дека всушност се работи за вработените во Бимилк кои деновиве активно се вклучија во глобалната иницијатива „Pay It Forward“ („Продолжи понатаму“), која постои со цел да направи вистинска разлика во светот преку создавање на масовен верижен ефект на хуманост и љубезност кој ќе се почувствува насекаде.

Вклучувањето на вработените на Бимилк е преку активно делење Битолско млеко заедно со специјални картички на нивни сограѓани ширум Македонија, и тоа без да очекуваат ништо за возврат. Единствен услов е и лицето кое го добило млекото да го продолжи кругот и тој да направи некое добро дело за некого, истовремено пренесувајќи му ја картичката со цел да се создаде тој верижен ефект.

Бимилк Бимилк

„Во Бимилк искрено веруваме дека луѓето секојдневно со својата добрина го прават некому денот малку посветол. Но, уште повеќе убедени сме дека тие мали дела добрина кога ќе се помножат со милиони луѓе, буквално може да го променат светот на подобро. Токму затоа, како една од најголемите компании во Македонија која брои голем број вработени, одлучивме да се приклучуваме и ние на меѓународниот ден Pay It Forward Day бидејќи секој еден наш вработен и индивидуално ја живее корпоративната култура на Бимилк,а тоа е сите заедно да бидеме подобри луѓе и да направиме видлива разлика во општеството“ - изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Бимилк Бимилк

Инаку настанот “Pay It Forward” е по иницијатива и во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea и истиот ќе се одржи на 28 април во Градскиот парк во Скопје. Ова е всушност втора година по ред како Македонија се приклучува во најголемото хумано движење во светот, а целта е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.

Комерцијален текст

Tags
Бимилк

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Државна лотарија

    Новогодишен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван на Државна лотарија

    Thu, 01/08/2026 - 11:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.