• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС детско село – благодарност до клиентите за поддршката

26 февруари 2025, 12:14
  • cподели

Нептун Македонија трета година по ред е стратешки партнер на СОС Детско село и со различни активности ја поддржува мисијата на СОС Детско село – ниту едно дете да не расте само.

Минатата година компанијата ја спроведе големата хуманитарна акција „Заокружи сметка“ која е активност на поддршка, со што им се овозможува на потрошувачите на лесен и едноставен начин да помогнат на оние кои им е најпотребно – децата без родителска грижа. Секој купувач имаше можност да ја донира разликата помеѓу износот на сметката и првиот поголем износ. Како благодарност и поддршка, на собраните средства од своите клиенти, компанијата се приклучи со донирање на 430.000 денари во месец февруари, во рамки на кампањата „Месец на љубовта“.

Нептун

„Како компанија која ја цени и ја негува традицијата, зачувувањето на семејните вредности е од големо значење за нас. Имаме повеќе од 400 вработени, и семејниот дух, топлината и тимската енергија се присутни во секој наш проект. Оваа донација е дел од континуираната акција на компанијата, резултат на заедничката поддршка и ангажман на нашите клиенти, кои со своите купувања станаа дел од иницијативата за подобро утре. “ - изјави Александра Тасевска, Координатор за корпоративен маркетинг.

Токму преку Хуманитарната акција „Заокружи сметка“ Нептун сака да помогне во зајакнувањето на капацитетите и потенцијалите на згрижувачите и децата, а воедно да постави позитивен пример и мобилизира и други компании во намерата за поттикнување на позитивни општествени промени.

„Како дел од својата долгорочна стратегија за корпоративна одговорност, НЕПТУН редовно спроведува донации и иницијативи со цел да придонесе за подобро општество. Знаејќи колку е тешко да се живее без родители, вложуваме максимални напори да придонесеме кон подобар животот на децата поддржани од СОС Детско село. И, да бидам искрена, пресреќни сме кога гледаме колку значи поддршката од локалната бизнис заедница. " - додава Тасевска.

Радуваат и податоците дека од година во година, потрошувачите покажуваат се поголема солидарност и желба да го „заокружат“ износот на својата сметка, донирајќи за подобра иднина на децата поддржани од СОС Детското село, и заеднички со Нептун Македонија испраќаат силна порака дека не се сами во светот.

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.