• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Неочекувано пријателство: Гојко од Хрватска спаси повреден лебед, сега се неразделни пријатели

10 октомври 2024, 08:15
  • cподели

Неочекувано пријателство во Хрватска топли срца низ светот.

Гојко Мијалица од Шибеник спаси повреден лебед и сега тие се неразделни пријатели. Лебедот го добил името „Мали“.

„Немам никаква намера да го напуштам, а верувам дека ниту тој мене“ – вели Гојко.

Гојко Мијалица Гојко Мијалица

Пријателството започнало да се раѓа на крајот од мај, кога лебедот отишол пред неговата куќа. Имал скршено крило и рана која била инфицирана, бидејќи со месеци не била третирана.

По совет од ветеринар, Гојко одлучил да му биде ампутирано крилото на Мали, бидејќи тоа му пречело да оди и да плива.

„Мислам дека тој го разбра тоа... мислам дека се однесуваше во склад со својата ситуација. Имав чувство дека тој прифати сè што му одредив“ – рекол смирениот Хрват.

Гојко Мијалица

Лебедот постојано го следи Гојко и секој ден заедно одат на море каде тој обожава да плива. Откако ќе излезе од водата, заедно се враќаат дома. Лебедот сега го знае патот до дома и може да се врати сам.

„Сè ме слуша што му зборувам. Ние остануваме заедно до крај, единствено може да нè раздели некоја виша сила“ – рекол Гојко и дополнил дека се обидува да го прилагоди Мали во јато кое започнало да доаѓа на брегот.

Гојко Мијалица

Најнови

  • Дејан Манасков стана татко 4 недели по свадбата, неговата сопруга Билјана роди момче кое го доби името...

    Mon, 03/02/2026 - 09:59
  • Јелена Томашевиќ хоспитализирана откако ѝ се слоши на сцената во Бар, не сакала да го откаже концертот

    Mon, 03/02/2026 - 09:22
  • Месечен хороскоп – МАРТ, 2026

    Sun, 03/01/2026 - 18:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.