• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Нема контрола над мускулите“: Сестрата на Селин Дион за синдромот на вкочанета личност на пејачката

19 декември 2023, 10:24
  • cподели

Состојбата на Селин Дион се влошува и покрај напорите на најблиските и на докторите да ѝ помогнат.

Селин Дион

74-годишната пејачка, која страда од синдром на вкочанета личност, ја изгубила контролата над мускулите. Нејзината сестра Клодет Дион сподели лоши вести со фановите на славната музичарка.

„Многу се труди, но нема контрола над нејзините мускули. Она што ми го крши срцето е што таа отсекогаш беше дисциплинирана. Секогаш работеше напорно. Вистина е дека во нашите соништа, и во моите и во нејзините, целта е таа да се врати на сцената. Со каков капацитет? Не знам“ – рекла таа.

Селин Дион

Во декември 2022 година, Селин сподели дека ги откажува сите преостанати концерти од нејзината турнеја „Courage“ поради тоа што страда од неизлечива невролошка болест која ги напаѓа мускулите.

„Гласните жици се мускули и срцето е исто така мускул. Бидејќи ова е еден случај на милион, научниците немаат направено многу истражувања, бидејќи не засега многу луѓе“ – рекла Клодет за 7 Jours.

„Некои луѓе изгубија надеж, бидејќи тоа е болест која не е добро позната. Кога само би знаеле колку луѓе се јавуваа во нашата фондација за да ни кажат колку ја сакаат Селин и дека се молат за неа. Добива многу пораки и подароци“ – додала таа.

Селин Дион

Синдромот на вкочанета личност е ретка невролошка болест со карактеристики на автоимуно заболување. Симптомите вклучуваат мускулни грчеви, неможност за наведнување, болка и хронична анксиозност. Мускулните грчеви можат да бидат толку силни што да доведат до изместување на зглобови и дури и кршење на коските. Пациентите може да завршат во количка или да бидат неподвижни, често не можат да работат и да се грижат за себе.

Нема лек за овој синдром, но постојат третмани кои помагаат за ублажување на симптомите.

Селин последен пат беше видена во јавност во ноември.

Селин Дион

Селин има три деца со Рене Анжелил, кој почина од рак во 2016 година.

Селин Дион
Tags
Селин Дион
Клодет Дион

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.