Нејмар наскоро ќе го добие своето ПЕТТО дете. Ова е негово трето заедничко дете со сегашната партнерка Бруна Бјанкарди.
34-годишниот фудбалер и неговата сакана ја открија убавата вест преку слатко видео во кое го откриваат и полот на нероденото бебенце.
Популарниот Бразилец и Бруна имаат уште две мали ќерки кои учествуваа во видеото. Заедно со нив е и синот на Нејмар од претходна врска.
Славниот спортист ја изневери Бруна додека таа беше бремена со нивното прво дете, по што јавно ѝ се извини и ја продолжија нивната врска.
Првото дете им се роди во 2023 година, а во 2024 тој доби уште една ќерка со риалити ѕвездата Аманда Кимберли. Странските медиуми објавија дека токму со неа имал афера. Нејмар побарал да се направи ДНК тест за утврдување на татковството.