• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Не се задоволувај со дневна доза коментари на Фејсбук. Излези да гласаш!

3 октомври 2017, 14:26
  • cподели

Перцепцијата мојот глас е „само еден“ и тој ништо не одлучува веќе одамна е надминат. Пасивноста и индолентноста кон изборите се минато. Тоа се потврди со големата излезеност на предходните парламентарни избори, кога имавме висока свест и потреба на луѓето да гласаат. Да учествуваат во креирањето на својата иднина, да влијаат на изборот на луѓето и партиите кои ќе ги предводат.

Приказната дека ништо нема смисла и дека треба да се бара чаре надвор од Македонија, можете да ја закачите на првото дрво што ќе го видите. Не можеме баш сите да си отидеме, така да вистинското прашање е: Што да правиме овде?

Гласање

Гласачите на политичките партии немаат дилеми, и точно знаат што сакаат и ќе ја завршат својата должност. А оние кои сеуште се мислат дали да излезат на гласање треба да знаат дека незадоволството не се лечи со сарказам и иронија и „дневна доза коментари на Фејсбук“.

Ставот „јас сум премногу кул да се замарам со стоење на бирачко место и да чекам пола саат во ред“ не е негласање, туку е гласање за фаворитот на оној првиот пензионер што утрото дошол прв пред гласачката кутија! Младите луѓе во Македонија во минатото често ги врзуваа политиката и политичарите исклучиво со зборовите корупција, манипулација, злоупотреба на службената должност, богатење на грбот на граѓаните, и поради тоа беа пасивни. Коментираа, се бунеаа, но слабо излегуваа на гласање.

Денес знаат дека доколку не излезат на избори, оставаат можност за нивните потреби друг да одлучува, некој што воопшто и не ги разбира. Со својот глас тие реално можат да влијаат на нештата што се случуваат во нивното секојдневие, како што се уредување на градската инфраструктура, простор за креативно изразување, културни и забавни содржини, и многу повеќе.

Најнови

  • Апел за помош за Ивана

    Времето е клучно: Апел за помош на Ивана, мајка на 7-годишно девојче која се соочува со карцином

    Sat, 04/25/2026 - 01:04
  • Средба во Алкалоид

    Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

    Fri, 04/24/2026 - 19:27
  •  Елена Лука

    30 години во градежништвото: Награда на Елена Лука за најуспешна жена менаџер

    Fri, 04/24/2026 - 16:56
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.