• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Не разбирав како мајките доаѓаа вџашени на работа, лепеа будалести цртежи на бирото... сè додека не станав една од нив“

20 декември 2019, 11:09
  • cподели

Блогерка им посвети текст на вработените мајки, кои повеќе од осум часа дневно се разделени од нивните малечки.

Дена Николс, која е мајка на две деца и креаторка на блогот „Momlando“, вели дека воопшто не ги разбирала своите колешки-мајки, додека и самата не родила дете и не станала дел од нив.

Мајка

Некогаш одамна, јас бев најмлада од сите вработени на секое место каде што работев...

Сум работела со многу мајки низ годините. Иако можев слободно да кажам дека овие мајки се импресивни, имаше многу нешта што не ги сфаќав сè додека и јас не станав вработена мајка.

Гледав како вработени мајки доаѓаат вџашени во лицето во 8 часот наутро и не ги сфаќав битките кои тие веќе ги воделе тој ден за да ги нахранат, облечат и одведат навреме на училиште нивните деца.

Гледав како вработени мајки си ги лепат будалестите уметнички дела на нивните деца над бирото и не сфаќав дека мало човече дома им рекло: „Мама, ова го нацртав за во твојата канцеларија“ и дека тоа всушност е најубавото уметничко дело кое тие го виделе.

Гледав како вработени мајки одат на состаноци за нешта кои можат да бидат средени преку мејл, како работат на проекти кои им одземаат премногу време на колегите и како читаат неподносливи меморандуми со грациозност и трпение на Кралица. Тие знаеја нешто што јас не го знаев – ништо од она што се случува во канцеларијата не е ни приближно толку важно колку она што се случуваше во нивниот живот дома.

Гледав како вработени мајки одбројуваат до 5 часот, за потоа да јурнат низ врата како да им горат панталоните. Немав претстава дека нив допрва им започнува вториот дел од денот. Немав претстава дека тие анализираат дали ќе стигнат навреме во градинка... НЕ знаев дека ги одбројуваат минутите додека да се вратат дома за да направат вечера, да помогнат во домашното, да ги избањаат децата и да ги заспијат. Не сфаќав дека возењето до дома можеби е единственото време насамо кое го имаат во денот и дека го менуваат работното руво во мајчинско.

Не знаев дека тие чувствуваат вина затоа што сакаат да имаат кариера, или пак, што веќе не им е гајле за нивната кариера, или пак, затоа што се задоволни таму каде што се, бидејќи унапредување би им го превртел животот наопаку.

Гледав како вработени мајки ми се смееја што бев толку некултурна и не можев да им ги запомнам имињата на нивните деца иако работевме заедно со години. Учтиво им се насмевнував на нивните слатки мали приказни, но не сфаќав колку им беше полно срцето од тие специјални моменти.

Не сфаќав дека за вработените мајки „радост“ е да одат сами во тоалетот со затворена врата.

Гледав како вработени мајки се јавуваа за да кажат дека детето им е болно и дека ќе отсуствуваат. Ме прашуваа дали можам да ги заменам. Немав претстава каква вина чувствуваа, колку истоштени беа што беа будни цела вечер и понекогаш колку многу им олеснуваше што можат да останат дома еден ден. Дури и ако тоа значи да чистат повраќаници.

Канев вработени мајки на забавите кои ги организиравме со моите пријатели, а кои започнуваат ненормално доцна во ноќта. Им се смеев кога ќе речеа дека не можат да дојдат и им велев дека многу ќе пропуштат. Немав претстава дека не пропуштаат ништо.

Не сфаќав дека еден повик од училиштето може да ја фрли во паника...

Не знаев дека некои работни денови беа одмор од тешките ноќи дома. И дека некои работни денови ја одделуваа од најубавите ноќи дома.

Не знаев дека таа нема поим колку добро се справува. Дека во најголем дел од деновите таа е неверојатна во работата, а потоа оди дома и е неверојатна во мајчинството. И дека воопшто не помислува на тоа. И дека ги поминува ноќите прашувајќи се дали може да биде подобра следниот ден.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.