Не отстапува од центарот на вниманието ниту на 56 години: Џенифер Лопез како сирена на Златен глобус
Џенифер Лопез дефинитивно знае како да ги размрда прстите на фоторепортерите на важните свечености.
Иако наполни 56 години, атрактивната актерка и пејачка нема намера да го отстапи центарот на вниманието, а тоа го покажа на Златен глобус 2026. Џеј Ло изгледаше како сирена во фустан од сопствениот плакар на црвениот тепих во Беверли Хилс.
„Го купив од LILY et Cie. Мој е. Тоа е винтиџ креација од раните 2000-ти“ – рече таа.
Лопез му ја додели наградата Најдобар актер во мјузикл или комедија на Тимоти Шаламе за неговата улога во „Marty Supreme“. Ова е прв Златен глобус за актерот.
Лопез претходната вечер присуствуваше на настан посветен Златен глобус, на кој заведуваше во црвена креација од Зухаир Мурад.