• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Не можев да видам излез“: Бред Пит сподели дека имал самоубиствени мисли во тежок период и дека повторно пие алкохол по 7 години трезност

11 август 2026, 08:40
  • cподели

Бред Пит отворено проговори за својот однос кон алкохолот, но и за еден од најтешките периоди во неговиот живот. 

Во новото интервју за „Esquire“, 62-годишниот актер откри дека по седум години трезност, повторно почнал да пие алкохол, но тврди дека денес многу повеќе внимава на количината.

„Бев трезен седум години. Потоа повторно се вратив на тоа“ - призна тој, додавајќи дека сега има поголема контрола.

Бред објасни дека сфатил дека алкохолот не му годи доколку претера.

„Можам да испијам неколку чаши. Но, не можам да пијам многу. Морам да бидам професионален во тоа“ – рече Пит.

Холивудскиот шармер зборуваше и за исклучително тежок период во кој, како што самиот призна, за првпат во животот имал мисли за самоубиство. Не откривајќи детали, тој го опиша како период поврзан со „семејни работи“.

„Никогаш на никаков начин не сум имал самоубиствени мисли. Тоа едноставно не е дел од мојот карактер. Всушност, ако имам некаква мана, веројатно е тоа што сум вроден оптимист“ – рече тој.

„Како и да е, никогаш не сум имал самоубиствени мисли, освен во еден краток период. И во тој период едноставно мислев... не можев... едноставно не гледав излез. Болката беше толку силна и неподнослива што, иако немав намера да направам нешто, можев да го почувствувам студениот метал од куршумот во мојата глава и тоа ми изгледаше како олеснување. И си помислив: ‘О, добро, сега разбирам’, разбирам што значи самоубиството, во смисла дека тоа е само олеснување. Само барање начин да се ослободиш од болката.“

„Но, мислам дека сите имаме неверојатни инстинкти за преживување. Кај мене, тој инстинкт веднаш се активираше, но едноставно...“ – рече Пит.

На прашањето дали станувало збор за проблеми од детството, тој кратко одговорил:

„Семејни работи.“

Пит во минатото отворено зборуваше за проблемите со алкохолот, особено по распадот на неговиот брак со Анџелина Џоли.

Џоли побара развод по инцидент во авион во кој патуваа со Бред и децата. Според официјалните изјави, Бред бил во алкохолизирана состојба и се однесувал физички и вербално насилно кон неа и децата. 

Постапката за развод траеше неколку години, а откако станаа полнолетни, децата се откажаа од неговото презиме.
 

Tags
Бред Пит

Најнови

  • „Не можев да видам излез“: Бред Пит сподели дека имал самоубиствени мисли во тежок период и дека повторно пие алкохол по 7 години трезност

    Tue, 08/11/2026 - 08:40
  • Елена Најдоски атрактивна во розова креација покрај сопругот во луксузниот хотел „Карлтон“ во Кан

    Mon, 08/10/2026 - 21:15
  • Алекс Ворен и Кувр Анон

    Алекс Ворен со сопругата во спотот за „Rescuer“, песната која ѝ ја посвети нејзе

    Mon, 08/10/2026 - 15:46
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.