• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Не мора да изберете само еден: Balea летни гелови што чинат само 55 денари

28 јули 2026, 15:38
  • cподели

Летото е создадено за свежина, лесни мириси и моменти за уживање, а токму затоа Balea - препознатливата dm марка за нега  - нуди голем избор на гелови за туширање кои ќе го претворат секое туширање во вистинско мирисно доживување. Без разлика дали преферирате свежи цитрусни, нежни цветни или слатки овошни ноти, во dm ве очекуваат производи што комбинираат квалитетна нега, внимателно одбрани состојки и омилени летни мириси. А најдобриот дел е што омилените Balea гелови за туширање од 300 мл се достапни по секогаш поволна цена од само 55 денари, па лесно можете да го пронајдете - или да ги испробате сите ваши омилени мириси.

Доколку сакате комбинација од нега и свежина, Balea кремастиот гел за туширање со butter milk и лимон е одличен избор. Неговиот сладок овошен мирис со освежителни цитрусни ноти внесува енергија уште од првото туширање, додека нежната хидратантна формула и млечните протеини интензивно ја негува кожата и помага да се заштити од сушење. pH-неутралната формула е дерматолошки тестирана и ја остава кожата свиленкасто мека и пријатна на допир, што го прави идеален избор за секојдневна употреба.

За љубителите на нежните цветни мириси, Balea Soft Roses гелот за туширање со масло од јојоба нуди вистинско релаксирачко искуство. Благодарение на хранливото масло од јојоба, формулата нежно ја чисти кожата, ја остава мека и еластична и ја поддржува нејзината природна рамнотежа. Погоден е и за чувствителна кожа, има pH-неутрална и веганска формула, а неговиот суптилен цветен мирис остава чувство на свежина и удобност долго по туширањето.

Ако летото за вас има мирис на овошје, тогаш ќе го обожавате Balea Sunny Fruits гелот за туширање со масло од семки од грозје. Ова лимитирано издание плени со својот сладок овошен мирис, додека хранливото масло од семки од грозје ја негува кожата и ја остава мека и мазна. Неговата веганска, pH-неутрална формула е погодна и за чувствителна кожа, а секое туширање го претвора во освежувачки летен ритуал.

Без разлика дали преферирате свежи цитрусни, романтични цветни или слатки овошни мирисни ноти, во dm ќе најдете Balea гел за туширање кој совршено ќе одговара на вашите желби. Со дерматолошки тестирани формули, внимателно одбрани состојки и мириси што остануваат долго на кожата, тие се идеални за секојдневна нега во текот на целото лето.

А најубавата вест е што не мора да избирате само еден мирис. Благодарение на секогаш поволната цена од само 55 денари за 300 мл, можете да одберете повеќе различни Balea гелови за туширање и секој ден да уживате во ново мирисно искуство. Посетете ги dm продавниците и откријте го вашиот летен фаворит.

Tags
dm
Balea

Најнови

  • Не мора да изберете само еден: Balea летни гелови што чинат само 55 денари

    Tue, 07/28/2026 - 15:38
  • Атрактивна на 44 години: Маја Глигоровска заведува во костими за капење на летните фотографии

    Tue, 07/28/2026 - 15:20
  • „3 години без твојата прегратка“: Ана Костадиновска со семејни фотографии на годишнината од смртта на татко ѝ Кире Костов

    Tue, 07/28/2026 - 13:28
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.