• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Не ја сакав повеќе работата што ја создадов“: Дуња Јованиќ за вистинското „прегорување“ во RESET

22 октомври 2026, 00:03
  • cподели

Со искрен разговор за професионалното прегорување, притисокот и последиците што можат да ги остават врз личноста, Дуња Јованиќ ја отвора втората сезона на RESET.

По одбележувањето на првиот роденден на RESET, на 10 октомври — Светскиот ден на менталното здравје, подкастот ја започнува својата втора сезона со специјална епизода во која гостува Дуња Јованиќ, регионална дигитална креаторка и основачка на модниот бренд BÉBÉ.

Reset
Reset

Во разговорот, Дуња отворено зборува за сопственото искуство со професионалното прегорување (burnout) и за тоа како долготрајниот притисок може постепено да влијае врз односот кон работата, самодовербата и чувството за сопствените способности. Нејзината приказна потсетува дека прегорувањето не мора да се случи одеднаш, ниту секогаш веднаш да препознаеме дека ни е потребна пауза.

„Мислам дека терминот „burn out“ е толку исфорсиран. Мислам дека луѓето кога ќе се малку уморни, кажуваат дека „прегоруваат“. За жал, го доживеав вистинското „прегорување“ пред две години. Верувајте ми, кога ќе го доживеете вистинскиот, нема повеќе да се шалите дека сте во „burn out“. Вистинскиот „burn out“ е кога ти не си ни свесен колку ти е лошо и не си ни сигурен дали ќе можеш повторно да ја работиш истата работа.

Пред две години, се случуваа немири во мојата држава и неколку пати се вртеа удари на мојот грб и првиот пат ќе издржиш, вториот исто, третиот повеќе не можеш. Сепак, грбот е мал и не се издржува.

Чудно е кога ќе помислиш на „burn out“, мислиш дека ќе те фати тоа одеднаш, ќе го почувствуваш, а тоа всушност доаѓа на мала врата. Многу може да те исплаши. Почнуваш да не си ја сакаш работата, сè што си создала, не си сигурна во било што и да работиш, цело време си цензурирана, одеднаш ништо не е добро. Тоа е една сериозна состојба, од која мене ми требаа едно пет, шест месеци да излезам од таа ситуација“, раскажува Дуња Јованиќ во RESET.

Нејзиното сведоштво е еден од искрените моменти во епизодата, која отвора простор за разговор за професионалниот притисок, личните граници и важноста навреме да ги препознаеме сопствените потреби.

Со оваа епизода, RESET го означува почетокот на својата втора сезона, продолжувајќи ја мисијата да отвора разговори за менталното здравје преку лични приказни и искуства. Првата сезона беше посветена на искрени разговори за предизвиците со кои се соочуваме, а новата продолжува да истражува теми што нè поврзуваат и нè поттикнуваат подобро да се разбереме себеси и другите.

Почетокот на втората сезона беше одбележан на 10 октомври, на Светскиот ден на менталното здравје, со специјално издание на RESET во живо пред публика во Скопје, со Дуња Јованиќ како специјална гостинка.

Новата епизода е достапна на YouTube-каналот на RESET — @resetchat.

Reset
Reset
Reset
Reset
Tags
Дуња Јованиќ
Нина Ред
Reset

Најнови

  • „Не ја сакав повеќе работата што ја создадов“: Дуња Јованиќ за вистинското „прегорување“ во RESET

    Thu, 10/22/2026 - 00:03
  • Ја запроси на роденденот и ја изненади со СВАДБА: Николија и Реља се венчаа по 12 години љубов

    Wed, 10/21/2026 - 22:45
  • Девојката на Бред Пит, Инес де Рамон, во романтична креација од Ели Сааб на шоуто на Victoria’s Secret

    Wed, 10/21/2026 - 20:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.