• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Не ги чепкај луѓето со 50+“: Дац со текст допира до сите кои пораснале без телефони, но со срце полно спомени

27 август 2025, 11:32
  • cподели

Драган Спасов – Дац разбуди силни емоции кај многумина.

Македонскиот актер сподели текст кој не само што буди носталгија, туку е и потсетник дека постои цела една генерација која не учеше од туторијали, туку од животот.

Објавата на Дац е за сите кои пораснале со клуч околу врат и срце полно со спомени.
Прочитајте, насмевнете се и запомнете да „не ги чепкате луѓето со педесет +“.

Драган Спасов – Дац

Не ги чепкај луѓето со педесет +. Сериозно.

Тоа не е само генерација — тоа е посебна форма на преживување.

Тврди како леб од една недела. Брзи како татковата папуча што лета кон тебе со прецизност на бумеранг.

Со пет години знаеле да го препознаат расположението на мајка им по звукот на капакот од тенџерето.

Со седум — имале клуч на врвка и упатство: „Ручекот е во фрижидер. Подгреј го.”

Со девет — сами си готвеле едноставни јадења, а потоа сами пешки оделе до училиште.

Со десет — знаеле да поправат чешма и да избегаат од кучето на соседот.

Цел ден поминувале надвор.

Без телефони.

Наместо Wi-Fi — рута: игралиште — река — дома по мрак со колена што изгледале како од битка.

И преживеале.

Раните на колената ги мачкале со плунка и врз нив ставале лист што ќе се најде при рака.

А кога болело — од родителите слушале: „Не отпадна? Тогаш не боли.”

Јаделе леб со шеќер, пиеле вода од градинарско црево — микробиотик на кој би позавидел секој додаток за исхрана.

Алергии немало. А и да имало — за нив не се зборувало.

Знаат 15 начини како од облека да се исчисти трева, маст, крв, кал и мастило — бидејќи дома морало да се вратиш „чист“.

И тоа не е сè. Поминале низ:

– транзисторско радио,

– црно-бел телевизор,

– грамофон,

– касетофони,

– CD-а и дискмени,

– касети што се премотувале со молив.

Тоа е последната генерација што го памети светот без интернет.

Без страв дека батеријата ќе се испразни.

Го паметат домашниот телефон, тефтерите со рецепти и родендени — без потсетници.

Тоа се луѓе што:

– сè поправаат со изолир трака, спојка и клешти,

– имале еден ТВ-канал и телефон со жица.

Тие се поинакви.

Имаат емоционален азбест, отпорност од времето на оскудица и рефлекси навежбани на диви игралишта.

Последни вистински нинџи на секојдневието.

Не ги чепкај луѓето со педесет +.

Тие виделе повеќе.

Преживеале подлабоко.

И во џебот имаат ментол бонбона постара од твојот паметен телефон.

(Непознат автор)

Драган Спасов – Дац

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.