„Не е добро ова“: Сопругот на Антониа Гиговска настапи во „IDJShow“, жирито не штедеше критики
Роберт Спасенцовски реши да се претстави пред регионалната публика и да го покаже својот талент во популарното музичко шоу „IDJShow“.
Македонскиот музичар и сопруг на Антониа Гиговска пред жирито настапи со авторската песна „Не могу“. Но, неговиот настап не успеа да ги освои Реља Поповиќ и Наташа Беквалац, кои не ги криеја забелешките.
„Не е добро ова. Освен свирењето клавир, сè друго беше онака...“, прокоментира Реља Поповиќ по настапот.
Наташа Беквалац веднаш се надоврза со уште поостра забелешка: „Не беше ни свирењето на клавир“.
Откако Роберт откри дека сам ја напишал песната, следуваше директна критика од Поповиќ: „Не е добар ни текстот“.
Видео
Спасенцовски редовно ја придружува Гиговска на нејзините настапи во живо, а заедно создадоа нова верзија на популарната песна „Чукај, чукај“ со Благица Павловска.