• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Не бев свесна дека ова чудо ќе ни се случи нас“: По 4 години неплодност Благица и Александар од Штип добија четворка

30 октомври 2023, 08:55
  • cподели

„Постарите велат дека ако желбата ти е голема, Господ ти подарува“ – ова го вели пресреќната нова мајка Благица Зикова која пред неколку дена им посака добредојде на овој свет на нејзините четири бебиња.

Благица и Александар Зикови

Благица и нејзиниот сопруг Александар Зиков од Штип одеднаш добија четворка со помош на инвитро по 4-годишна борба со неплодноста. За Femina.mk тие открија дека посакувале две дечиња, но дека двете оплодени јајце клетки кои биле пренесени во матката се разделиле на четири ембриони.

„Четири години се боревме со неплодност. Првото инвитро ни беше неуспешно и по две години пак се одлучивме да пробаме. Се решивме да одиме да пробаме надвор од државата. Ја избравме Турција како најдобра држава кога е во прашање здравството. Посакувавме две дечиња близначиња и затоа ни вратија две оплодени јајце клетки, но мајка природа, Господова желба ни подари уште две мали сонциња. Понекогаш потајно си размислував дека можат да се разделат на повеќе ембриончиња, но не бев ни свесна дека ова чудо ќе се случи нас. Како што велат постарите: ‘Ако желбата ти е голема, Господ ти подарува’“ – сподели Благица.

Иако веста дека ќе имаат четири бебиња била изненадување за нив, среќата била неизмерна, а чувството волшебно.

„Тоа чувство не може да се опише со зборови. Волшебно нешто. Прекрасно, радосно, необјасниво чувство, само си реков во себе: ‘Ти благодарам Боже за овој дар што ми го подари да станам мајка на четири дечиња истовремено’“ – вели Благица.

Фотографијата направена по прегледот кога парот дозна дека ќе има четири дечиња доволно зборува за неизмерната радост.

„По оваа фотографија може да се види радоста во нашите очи кога дознавме дека ќе имаме четири мали души создадени од нашата љубов и желба да имаме дечиња“ – сподели пресреќната мајка.

Благица и Александар Зикови

Трите момчиња и едното девојче се родија во 31-вата недела на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

„Се породив во 31 недела, благодарејки на моите прекрасни докторки посветени во работата – д-р Ели Николовска и д-р Бранислава Вујановиќ Серафимов од Штип. Иако знаевме дека ни престои долг период во кој треба да се бориме, на крај успеавме да стигнеме до 31. недела со нивна поддршка и посветеност. Исто така, сакам јавно да им се заблагодарам што се бореа и ми беа посветени. Ви благодарам од срце д-р Ели и д-р Бранислава“ – вели Благица, која е во добра здравствена состојба.

Благица и Александар Зикови

„Мојата здраствена состојба е добра,но за бебињата не сакам да давам информации“ – вели таа.

На сите парови кои посакуваат да станат родители или се соочуваат со проблеми при тој процес, Благица им порачува:

„Мојата порака до сите мајки, не само кај оние со повеќеплодова бременост, е да имате јака верба пред сè во Господ, да се храните здраво, ако треба од вашите потреби да се откажете. само за да успеете да ги донесете на свет здрави. Исто така да ги слушате вашите докторки, пред сè тие учеле, знаат и ве советуваат за ваше здравје и на вашето бебе или бебиња“.

Tags
Штип
Македонија
неплодност
инвитро

Најнови

  • Емакуате Вандера Блажески

    „Во Кенија се слави Божиќ со заеднички собири на многу сонце, во Македонија е поинтимен и семеен“: Празнично со Ем Вандера Блажески

    Wed, 01/07/2026 - 17:22
  • Отец Михаил

    „Божиќ нè потсетува дека домот е храм на љубовта… Добрината носи радост, а простувањето ја обновува душата“: Отец Михаил за духовната смисла на Божиќ

    Wed, 01/07/2026 - 00:30
  • Бадник и Божиќ во семејството на Нина и Борко Ристовски

    „Децата ги причестуваме, а божиќното утро е најубавото и прво одиме во црква“: Нина за Бадник и Божиќ во семејството Ристовски

    Tue, 01/06/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.