• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Науката потврдува дека враќањето кај бившиот често завршува со солзи

2 март 2012, 15:50
  • cподели

Обновувањето на врската со бившиот не е секогаш најдобра идеја. Можеби сте го научиле тоа од сопствено искуство или сте го согледале од грешките на вашите пријателки.

Сега и истражувачите потврдуваат дека враќањето кај бившиот често завршува со лоша врска или лош брак. До оваа констатација дошла и професорката Амбер Венам од Канзас Стејт Универзитетот, која ги проучува таканаречените циклични врски, термин кој се користи за да се опише пар кој раскинал, но потоа повторно започнал врска.

Враќање кај бившиот

„Повеќето луѓе имаат добиено корпа и знаат како е да копнееш за некој бивши и да сонуваш за втора шанса. Но, во реалниот живот, колку и да боли, можеби има врски кои подобро е да останат во спомените“ – вели Амбер.

За своето истражување Амбер проучувала податоци за врските кои ѝ биле дадени од циклични и нециклични парови и открила дека паровите во циклични врски имаат многу повеќе проблеми во врската откако ќе се смират.

Резултатите од нејзиното истражување покажале дека паровите во циклични врски се поимпулсивни при донесувањето на важни одлучи во врската, како живеење заедно, купување милениче или раѓање на дете, во споредба со паровите во нециклични врски. Како резултат на тоа, паровите во циклични врски се помалку задоволни од својот партнер, имаат полоша комуникација, донесуваат повеќе одлуки кои влијаат лошо на нивната врска, имаат пониска самодоверба и се понесигурни дали ќе останат заедно.

Амбер предупредува дека паровите кои често се караат и разделуваат додека се во врска, продолжуваат со таквото однесување и кога се во брак и често се плашат дека во секој момент нивната врска може да заврши.

Сепак, во реалноста постојат и парови кои успешно ја обновиле врската. Амбер вели дека и тоа е можно, но само ако е целосно разрешен проблемот кој довел до разделбата.

За да заборавите некој бивши, Амбер вели дека најдобро е целосно да го исклучите од својот живот. „Истражувачите открија дека во деновите кога го гледаме бившиот, имаме повеќе љубовни чувства кон него, во споредба со деновите кога не сме го виделе“ – изјавила таа за Today. Или со други зборови, далеку од очите – далеку од срцето.

Tags
бившиот

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.