• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

„Натпреварот на млади соло пејачи“ во организација на Ротари Клуб – Битола, ги доби поголемиот дел од признанијата од страна на Сојузот на Ротари Клубови на Северна Македонија

25 јули 2019, 12:42
  • cподели

На крајот на ротаријанската година 2018-2019 година, која завршува на 30 јуни, Сојузот на Ротари клубови ја оддржа својата последна годишната конференција, што се одржа на 29 јуни 2019, на која што оддаде признанија за проектите кои ја одбележаа изминатата ротаријанска година 2018/2019.

Годинешните клубски признанија во најголем дел ги понесе: Ротари Клуб Битола за најдобар клуб на годината и тоа во скоро сите категории, а признанија добија и ротаракт и интеракт клубовите од РК Широк Сокак.

Во изминатата ротаријанска година Ротари клубот Битола во рамките на активностите на клубот за прв пат го организираше Натпреварот за млади соло пеачи во Битола во месец март.Овој настан имаше одличен одзив како на пријавени кандидати за учество на натпреварот така и на посетители на самиот Гала концерт кој што се одддржа како завршница на натпреварот. Во целодневната програма учествуаа 30 млади таленти од целата држава кои посетуваат настава по соло пеење во средните музички училишта ширум државата. Кандидатите се напреваруваа во две категории и тоа I категорија ученици од 14 до 16 години и II категорија од 17 до 19 години. Натпреварувачите беа оценувани од жири комисија сочинета од реномирани и етаблирани изведувачи и солисти со Европско реноме.

Ротари

Освоени се четири признанија (пофалници):

  1. Најдобар РК на Македонија за ротаријанска 2018-2019 година,
  2. Најдобар проект за „Млади соло пеачи“,
  3. Најдобар проект со учество и на средства од Ротари Фондацијата за проектот „Млади соло пеачи“,
  4. Најголемо учество со средства во Ротари Фондација
Ротари

„Нашата Ротари заедница од секогаш била иницијатор и давала поддршка на позитивни промени во општеството.Па така и овој пат, сакавме да дадеме придонес за културниот развој на нашиот град и нашата држава. Ротари Клуб – Битола ја согледа потребата на младите ученици и недостатокот на можности за нивно претставување пред јавноста, па се одлучи да го организира овој натпревар, пред сѐ поаѓајќи од фактот дека класичната музика и операта помеѓу младината сѐ повеќе го губат својот примат. Наша искрена мисија е овој натпревар да се развива и да трае многу години, со цел да прерасне во битолски белег и бренд на градот и на државата.Токму овие признанија добиени од страна на Советот на ротари клубови ќе не мотивираат и во иднина да се ангажираме и делуваме за континуитет на овој проект но и на многу други“, изјавија досегашниот претседател Драган Видановски.

Новиот претседател на Ротари Клуб – Битола за ротаријанска 2019-2020 година, Васко Талевски, ја поддржа оваа стратегија и понатамошниот развој на овие проекти, притоа изјави: „Ротари клубот Битола од своето постоење до денес има реализирано повеќе проекти на кои се гордееме. 'Натпреварот за млади соло пеачи' беше токму таков проект кој што придонесе повеќе луѓе да се здружат за реализација на една цел и тоа барем на еден ден да ја вратиме старата конзулска традиција и магијата на класичната уметност. Ние и во следната ротаријанска година ќе продолжиме да работиме за подобрување на општеството во кое живееме, a овие признанија се само мотивација плус за остварување на нашата ротаријанска мисија”.

Ротари

Повеќе од 110 години ротаријанците од целиот свет се ангажираат за промовирање на мирот, солидарноста и инспирирање на позитивни промени во местата каде делуваат, како теми кои се од глобално значење за човештвото. Активностите се спроведуваат преку 35.000 Ротари клубови ширум светот, од кои 20 клубови постојат во нашата земја. Сојузот на Ротари клубови на РСМ е во рамките на Дистриктот 1912, заедно со клубовите од Република Словенија.

Tags
Ротари
Ротари клубот - Битола

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.