Наташа Беквалац со сестра си Кристина атрактивни русокоси во Белград, изгледаат како близначки
Стилски усогласени, со препознатлив шарм и енергија која го освојува просторот, Наташа и Кристина Беквалац беа вистински магнет за погледи на промотивен настан во Белград.
45-годишната српска пејачка и нејзината 40-годишна сестра мамеа комплименти со нивната сличност и атрактивниот изглед во петтата деценија од нивните животи.
Кристина на својот профил на Instagram сподели фотографии од модниот настан за брендот Extreme Intimo, за којшто снимија заедничка летна фотосесија со Наташа.
Српската музичка ѕвезда неодамна сподели видео со Кристина од кампањата за познатиот бренд за долна облека и напиша:
Со неа...
Трчам најубаво
Играм најубаво
Се смеам најубаво
Го сакам животот повеќе
... со неа... Дишам со полни гради...