„Нашиот Спајдермен наполни 3 годинки“: Антониа Гиговска сподели фотографии од роденденот на синчето Киан
Синчето на Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски наполни три години.
Малиот Киан ја дувна свеќичката на роденденската торта на забавата која мама и тато му ја организираа со тема на омилениот суперхерој – Спајдермен.
25-годишната пејачка сподели албум со фотографии на Instagram и напиша:
„Нашиот Спајдермен наполни 3 годинки. Те сакаме до небото и до ѕвездите“.
Антониа сподели и фотографија со Киан кога беше бебенце.
„Моето мало бебе полни 3 годинки денес. Те сака мама засекогаш“- напиша таа.