• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Наместо тоа, јас те држев тебе“: Мајка со емотивен есеј за скапоцените моменти со децата

30 јуни 2016, 19:42
  • cподели

Есејот на Реган Лонг за драгоцените моменти со децата ќе ве освои и разнежни.

Денес бев на работ на трпението и единствено мислев на тоа да издвојам неколку моменти само за себе, но откако ти брзо заспа на моите гради, стоев пред лесна одлука, иако многу работи чекаа на мене.
Јас те држев тебе.

Мајка

Ќе ја редев машината за миење и ќе миев зашто мијалникот беше преполн.
Но, наместо тоа, јас те држев тебе.

Ќе ги диплев алиштата кои седеа во машината за сушење. И ќе ги преперував алиштата кои останаа неспружени преку ноќ.
Но, наместо тоа, те држев тебе.

Ќе одговарав на неколку електронски пораки од работа и на неколку пропуштени повици на кои требаше да вратам во изминативе 72 часа.
Но, наместо тоа, јас те држев тебе.

Ќе ги собирав со правосмукалката сите тие раздробени мини житарки кои ти ненамерно ги истури низ дневната соба и скалилата, а исто така ќе ги собирав и играчките кои беа расфрлени во секоја соба освен во собата за играње.
Но, наместо тоа, јас те држев тебе.

Ќе правев вечера и ќе ја разгледував пристигнатата пошта која стои на шанкот од понеделникот.
Но, наместо тоа, јас те држев тебе.

Ќе те носев горе и ќе те легнував во спалната соба, бидејќи бев сигурна дека нема да се разбудиш. Можеби ќе ти беше поудобно во твојот кревет?
Но, наместо тоа, јас те држев тебе.

Знаеш, твоите мали нозе веќе висат од столицата, а мене ми се чини како да беше вчера кога твоите мали прсти се одмараа на мојот стомак.

Твоите мали издишувања и слатките раце паѓаа толку совршено околу мене, а наскоро ќе претпочиташ да се растегнуваш во твојот детски кревет.

Испаѓа дека плановите кои ги имав за овој момент нема да го постигнат она што го имам во рацете.

Го пронајдов моето спокојство и мојот мир токму тука, во овој момент, поради една лесна одлука...

Јас те држев тебе.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.