• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Наместо игротека, таа избра парк“: Македонка за роденденот на 11-годишна ќерка во парк во Осло

1 октомври 2026, 11:25
  • cподели

Славица и Александар, кои стојат зад профилот „Семејство на пат“, со години ги споделуваат своите семејни авантури со следбениците на Instagram.

По 9-месечната авантура низ Европа и Азија заедно со двете деца, семејството повторно е дома во Осло, во своето вообичаено секојдневие... работа, училиште и градинка.

Но, по враќањето од животот во куфери, следуваше еден убав повод за славење. Нивната 11-годишна ќерка, чиј роденден годинава поминал додека биле на пат, посакала да го надополни пропуштеното со мала прослава со другарчињата. И наместо игротека или ресторан, изборот паднал на паркот во нивното соседство.

Едноставна забава на отворено, со хот-дог, торта и многу детска игра, но и интересна приказна за тоа какви се детските родендени во Норвешка.

„Идејата за прославување на роденденот во парк беше на ќерката. Нејзиниот вистински роденден е во јануари, па никогаш нема можност да се слави надвор. Но, оваа година, бидејќи бевме отпатувани, не можеше да го прослави роденденот со другарчињата. Кога се вративме, таа предложи да направиме мала роденденска забава на отворено, во паркот во нашето соседство “ - раскажаа за Фемина, родителите кои потекнуваат од Скопје, но веќе 14 години го градат својот дом во норвешката метропола.

Во Норвешка забавите во парк не се ништо невообичаено. Родендените најчесто се прославуваат дома, а доколку семејствата изберат организирана прослава, тоа се куглана, кино или базен.

„Норвешките родендени се многу едноставни и најчесто се слават дома. Во Норвешка не постојат игротеки какви што има во Македонија. Во цело Осло има само неколку, и тие се навистина големи. Кога роденденската забава е во игротека, таму во исто време има уште многу други деца и родители. Оние што не сакаат да слават дома, најчесто ги организираат родендените во куглана, кино или на базен“ - велат тие.

За Славица и Александар, дополнителна олеснителна околност била и близината на паркот. Само неколку стотини метри ги делеле од домот, па наместо голема организација, целата прослава се претворила во опуштен семеен ден на отворено.

„Генерално, норвешките родендени се многу скромни. За јадење најчесто се служат пица или хот дог, а роденденската торта обично е чоколаден колач со глазура.

Ние секогаш добиваме позитивни коментари од другарчињата за храната, бидејќи никогаш претходно не сме послужиле типична норвешка роденденска храна. Наш избор биле панцероти, тако, шпагети со сос, сендвичи од кифли... А тортата, се разбира, секогаш била кружна и висока, онаква каква што и јас добивав за моите родендени во Скопје. Но желбата на славеничката овојпат беше да послужиме хот дог, што совршено се вклопуваше во атмосферата на паркот. За тортата, пак, немаше компромиси: беше кружна и висока“ - открива мајката.

Освен што носи поопуштена атмосфера, забавата во парк е и значително поевтина варијанта од организираните детски прослави. 

„Од финансиски аспект, прославата на отворено или дома е секогаш поевтина опција од организирана прослава во игротека, куглана или кино. Таквите прослави чинат околу 1.100 денари по дете. Во домашна атмосфера единствено што треба да се обезбеди е храна и пијалаци, што за петнаесетина деца нема да надмине околу 4.000 денари. Тортата, во двата случаи, се обезбедува дополнително“ - додава Славица.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Semejstvo na pat (@semejstvonapat)

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Најнови

  • „Наместо игротека, таа избра парк“: Македонка за роденденот на 11-годишна ќерка во парк во Осло

    Thu, 10/01/2026 - 11:25
  • Тајзи за критичен момент од животот: „Мајка ми имаше тумор, татко ми беше во притвор. Сакав да си одам во странство, но Слаткар ме спречи“

    Thu, 10/01/2026 - 10:50
  • Емотивен момент: Дарко Лазиќ ја расплака вдовицата на Тома Здравковиќ, па слезе од сцената и ја прегрна и бакна

    Thu, 10/01/2026 - 10:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.