• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Налепница“: Маестралниот краток филм со Сашко Коцев кој е невозможно да ве остави рамнодушни

14 декември 2025, 18:30
  • cподели

Георги М. Унковски одново разбуди силни емоции со објавата на краткиот филм „Налепница“. Македонскиот режисер го сподели филмското дело на YouTube, а многумина се длабоко погодени од тематиките кои ги обработува и го нарекуваат „ремек-дело“.

Главната улога ја има Сашко Коцев, кој дава сè од себе да стигне навреме и со подарок на приредбата на неговата ќеркичка додека наидува на апсурдни пречки.

„После неуспешен обид да ја обнови регистрацијата на својот автомобил, Дејан пропаѓа во апсурден бирократски лавиринт што ја тестира неговата решителност да остане добар татко и присутен во животот на својата ќерка 'Налепница' е краток филм за малиот човек, големата љубов кон семејството и суровата апсурдност на системот“ – пишува Унковски, кој е и сценарист и режисер на филмот.

„Налепница“ - видео

Филмот, кој беше снимен во 2019 година, има учествувано на над 200 фестивали и има освоено десетици награди. Покрај Коцев, во филмот глумат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитровска, Анастасија Аневска, Матеј Настевски. Кинематографер е Наум Доксевски, а сценографијата е на Кирил Спасевски.

Краткиот филм „Налепница“
Сашко Коцев во краткиот филм „Налепница“

Унковски годинава го објави својот прв долгометражен филм. Станува збор за „Диџеј Ахмет“, кој премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал „Санденс“.

Tags
Георги М. Унковски
Сашко Коцев
Налепница

Најнови

  • Клиника Жан Митрев

    Летните попусти во Клиника Жан Митрев продолжуваат до 31 август

    Fri, 08/21/2026 - 15:26
  • Flowers Symphony

    „Flowers Symphony“ како круна на летото: Оркестар DIVA со извонредни концерти во Битола и Охрид

    Fri, 08/21/2026 - 15:08
  • Скопско

    ОСВЕЖУВАЊЕТО ПРИСТИГНА: Со забава во срцето на Дебар Маало, СКОПСКО го претстави новиот Скопско мурал и освежениот изглед на пакувањата

    Fri, 08/21/2026 - 14:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.