Најверниот навивач: Веднаш по победата на УС Опен, Новак Ѓоковиќ ја прегрна Јелена на трибините
Новак Ѓоковиќ победи на УС Опен, освојувајќи го 14-тиот Грен Слем во кариерата. Неговата игра од трибините внимателно ја следеше неговиот најверен навивач – сопругата Јелена.
По завршувањето на мечот, 31-годишниот Србин се качи на трибините за да ја прослави победата со најблиските, а се разбира не заборави да ја прегрне својата сакана. Моментот беше овековечен со фотографии и видео.
Видео
За спортското случување, Јелена избра зелена јакна со цветови.
32-годишната Србинка редовно ги следеше натпреварите на Ноле на УС Опен.
