Тилан Блондо заплива во брачните води.
25-годишната Французинка, која беше нарекувана „Најубавото девојче на светот“, се омажи со саканиот Бенџамин Атал во Париз.
Атрактивниот модел блесна во софистицирана венчаница за склучувањето граѓански брак со популарниот француски диџеј.
Тилан ги направи првите чекори во модниот свет уште на 4-годишна возраст, кога беше дел од ревија на Жан Пол Готје, а потоа брзо нанижа повеќе фотосесии и кампањи. Заради модните фотографии, таа беше нарекувана „најубавото девојче на светот“.
