• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Најсреќниот момент во животот“: Идентични близначки разделени по раѓањето првпат се сретнаа на 36-тиот роденден

19 април 2021, 10:45
  • cподели

Идентични близначки, кои биле разделени како бебиња, за првпат се сретнаа на 36-тиот роденден, а нивната реакција е емотивна.

Видео

Емили Бушнел и Моли Синерт од Јужна Кореја биле посвоени во различни американски држави неколку месеци по нивното раѓање. Додека растеле, тие знаеле дека се посвоени, но немале претстава дека таму некаде и двете имаат своја сестра-двојничка.

Емили и Моли Емили и Моли

Емили направила ДНК тест за откривање на нејзините роднини по предлог од нејзината ќерка Изабел.

„Сакав да си направи ДНК тест, бидејќи знаев дека е посвоена. Сакав да откријам дали имам семејство од нејзината страна“ – појаснила Изабел.

Неодамна, и Моли си направила ДНК тест, но никако не можела да си го објасни она што го прочитала. Во резултатите се појавила ќерката на Емили, Изабел, како личност со која имаат речиси 50% заедничка ДНК.

„Кликнав на копчето за блиски роднини и не можев да разберам. Таму пишуваше: ‘Делите 49,96% ДНК со оваа личност. Ние предвидуваме дека ви е ќерка’. Но, тоа очигледно не беше точно, бидејќи јас никогаш немав родено, немам деца“ – рекла таа.

ДНК тестот ги споил сестрите и на двете им го променил животот. Двете близначки започнале да си разменуваат фотографии за да се запознаат малку подобро.

„На фотографиите од матурата и двете носиме фустани со мониста без ракави и нашите фризури се идентични. Мислам дека ова е само еден од многуте близначки моменти кои ќе ги откриеме“ – рекла Емили.

Емили и Моли

„Дупката која ја имав во срцето веднаш се пополни. Иако имам семејство кое ме сака и обожава и е апсолутно прекрасно, отсекогаш имав чувство на одделеност. Сè ми се разјасни кога дознав дека имам сестра која ми е идентична близначка. Сè доби смисла“ – додала таа.

„Ова е најсреќниот момент во мојот живот. Искрено можам да го речам тоа. Бев лишена од последните 36 години од животот кои можев да ги имам со мојата близначка. Но, истовремено сум благодарна и возбудена за она што доаѓа“ – рекла Емили по средбата.

Емили и Моли

Видео

Tags
близначки

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.