• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Најпознатиот јутјубер се ожени: MrBeast го кажа судбоносното „да“ на приватен остров

22 јули 2026, 10:44
  • cподели

Џими Доналдсон официјално стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Теа Бујсен.

Најпознатиот јутјубер на светот, познат како MrBeast, се ожени на приватниот остров Некер, на интимна церемонија на која присуствувале околу 70 најблиски членови на семејството и пријатели. 

Наместо медиумски спектакл, младенците се одлучиле за интимна прослава која траела цела недела, исполнета со дружење, сурфање, нуркање и други активности.

Убавата невеста блесна во венчаница изработена по мерка од модната куќа Nicole + Felicia Couture, додека MrBeast носеше елегантен смокинг од Ralph Lauren.

По размената на брачните завети, младенците го одиграа првиот танц на хитот „Die With a Smile“ од Лејди Гага и Бруно Марс, а наместо класична свадбена торта, имале торта од морков, кој ѝ е омилениот десерт на невестата.

MrBeast на Instagram објави фотографии од церемонијата и напиша: „Ја пронајдов MrsBeast. Ова беше најубавиот ден во мојот живот.“

„Звучи како клише, но беше како во рајот. Бевме пресреќни и чувствувавме огромна љубов. Поради работата ретко имаме можност да бидеме опкружени со сите наши пријатели и членови на семејството, па затоа беше навистина посебно што сите беа собрани на едно место. Решивме ова да стане наша традиција, секоја година да одвоиме една недела во која ќе ги поканиме семејството и пријателите да поминеме време заедно. И сите гости ни рекоа дека го чувствуваат истото“ – изјави Бујсен.

Љубовна приказна на среќните партнери започна во 2022 година, кога се запознале на патување во Јужна Африка.

Иако живееле на различни континенти, врската ја продолжиле на далечина, а по неколку месеци, започнале редовно да се среќаваат. Првата заедничка појава во јавноста ја имаа на Kids' Choice Awards истата година.

Џими ја запроси Теа на Божиќ 2024 година. Тој уште тогаш најави дека свадбата ќе биде далеку од очите на јавноста, без телевизиски камери и снимања, бидејќи сакал денот да го сподели само со најблиските.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Thea Donaldson (@thea)

Теа, која е успешна гејмерка и магистер по невропсихологија, изјави дека свадбата била само „формалност“, бидејќи уште од почетокот знаеле дека нивната врска води кон брак.

„Сега светот знае дека сме во брак, но за нас ништо не се менува. Ќе се вратиме дома кај нашите кучиња и мачки, а потоа ќе ја започнеме следната заедничка авантура“ – изјави таа.

Tags
MrBeast
Џими Доналдсон
Теа Бујсен

Најнови

  • Модна битка: Џенифер Лопез и Јелена Карлеуша во ист комплет од Долче и Габана

    Wed, 07/22/2026 - 12:41
  • Најпознатиот јутјубер се ожени: MrBeast го кажа судбоносното „да“ на приватен остров

    Wed, 07/22/2026 - 10:44
  • „Огромно БРАВО и длабока почит за овој ЧОВЕК“: Возач на автобус во Скопје ги засолнил патниците од бурата и безбедно ги однел дома

    Wed, 07/22/2026 - 10:42
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.