• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Најплатен славен пар: Тејлор Свифт и Калвин Харис ги турнаа од тронот Бијонсе и Џеј Зи

26 јуни 2015, 15:00
  • cподели

На врвот на новата листа на Forbes која ги рангира паровите со најголема заработка застана релативно нова двојка.

Тејлор Свифт и Калвин Харис ги турнаа Бијонсе и Џеј Зи од врвот. Вкупната заработка на 25-годишната пејачка и 31-годишниот пејач, продуцент и диџеј во изминативе година дена е 146 милиони долари.

Тејлор Свифт и Калвин Харис

Освен од продажба на албуми и музички турнеи, парот заработува и од профитабилни договори со светски компании. Така, Свифт соработува со Diet Coke, Keds и Sony, додека Харис е заштитно лице на Џорџо Армани и Sol Republic.

Тејлор Свифт и Калвин Харис

Бијонсе и Џеј Зи имаат заедничка заработка од 110,5 милиони долари. Освен од музиката, брачниот пар заработува и од странични бизниси. Џеј Зи ја поседува компанијата Roc Nation, брендот за шампањ Armand de Brignac и брендот за коњак D’Ussé. Бијонсе од своја страна има лансирано неколку парфеми, а има соработувано и со компании како Pepsi и H&M.

Бијонсе и Џеј Зи

На почетокот на следната недела Forbes ќе ја објави листата на стоте лица од шоу-бизнисот кои оствариле најголема заработка во изминатава година.

Tags
Тејлор Свифт
Калвин Харис

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.