• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Најмрачниот период од мојот живот“: Шакира се отвори за разделбата со Пике и реакцијата на децата

22 септември 2022, 07:54
  • cподели

Шакира сними фотосесија за Elle и отворено зборуваше за разделбата со Жерар Пике, за реакцијата на нејзините деца и за состојбата на татко ѝ кој е на интензивна нега.

45-годишната пејачка позираше во облека од врвни модни брендови како Диор, Етро, Каролина Ерера и Версаче.

Погледнете ги фотографиите и прочитајте дел од интервјуто:

Шакира Шакира Шакира

Запрашана како се справува со распаѓањето на нејзината врска со Пике, со кого има два сина, Шакира рече:

„Навистина е тешко да зборувам за ова, особено поради тоа што ова е првпат да зборувам за ситуацијата во интервју. Молчев и се обидував да го процесирам сето тоа. Да, тешко ми е да зборувам, особено поради тоа што сè уште поминувам низ тоа и поради тоа што сум пред очите на јавноста и поради тоа што нашата разделба не е како вообичаена разделба.“

Но, славната музичарка не е сама во нејзината борба. Заедно со неа со предизвици се соочуваат и нејзините деца, Саша и Милан, кои слушаат и читаат секакви шпекулации за нивните родители и се следени од папараците.

„Тешко е не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко. Имам папараци кои кампуваат надвор, пред мојата куќа, 24/7. И нема место каде што можам да се скријам од нив со моите деца, освен во мојата куќа. Знаете, не можеме да одиме на прошетка во паркот како нормално семејство или да одиме на сладолед или да имаме каква било активност без да нè следат папараци. Па, тешко е. Се обидов да ја скријам ситуацијата од моите деца. Се обидов да го направам тоа за да ги заштитам, бидејќи тие се моја најважна мисија во животот. Но, тие слушаат нешта на училиште од нивните пријатели или наидуваат на некоја непријатна вест онлајн и тоа влијае на нив.“

„Вознемирувачко е за две деца кои се обидуваат да ја процесираат разделбата на нивните родители... Понекогаш чувствувам како ова да е само лош сон и дека во еден момент ќе се разбудам. Ама не, ова е реално. Реална е разочараноста што гледам нешто толку свето и специјално, како што мислев дека е врската која ја имав со таткото на моите деца, се претвора во нешто вулгаризирано од медиумите. И сето тоа додека татко ми е на интензивна нега и јас се борам на различни фронтови. Како што реков, ова е најмрачниот период од мојот живот.“

„Моите деца не заслужуваат да бидат набљудувани секоја секунда, да бидат фотографирани кога одат на училиште или да бидат следени од папараци. Заслужуваат нормален живот.“

Шакира Шакира Шакира

Предизвиците со кои се соочува Шакира се уште поголеми поради состојбата на нејзиниот татко. За него таа рече:

„За жал, тој имаше тешка година. Дојде во Барселона кога слушна за кризата во моето семејство, за да ме поддржи. Но, падна и имаше субдурален хематом. Имаше операција на мозокот и потоа повторно падна и си скрши многу коски на лицето...“

Шакира Шакира Шакира
Tags
Шакира

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.