• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Најмодерната баба“ од Србија: „Во трагедија сфаќате дека не можете да ја гушнете чантата Hermes, семејството е најважно“

14 декември 2022, 10:57
  • cподели

Периодот пред Нова година е време кога сите се навраќаме наназад на целите кои сме ги постигнале, на оние кои не сме ги постигнале и кои допрва сакаме да ги постигнеме. Се сеќаваме на убавите и лошите нешта кои ни се случиле во минатото, како и на лекциите кои сме ги научиле притоа.

Факт е дека додека трчаме кон нови успеси, за сите нас најважно е семејството. Тоа одлично го објаснува Жаклина Писано, која неретко е сметана за „најмодерната баба“ од Србија и која себеси се нарекува „баба која ја сака модата“.

View this post on Instagram

A post shared by Zaklina Pisano (@realfashionist)

Во еден од најновите постови, 54-годишната блогерка, која сега живее во Италија, се наврати наназад низ годините за да порача дека фамилијата е најважна и дека секој од нас треба да се грижи за неа. Жаклина на Бадник во 2016 година го изгуби синот Стефан во сообраќајна несреќа во Белград и сега вели дека единственото нешто за коешто жали во животот е што не родила повеќе деца. Таа постојано го нарекува Стефан „свој ангел“ и секоја фотографија на Instagram ја означува со хаштагот #rememberstefan.

„Јас сум мајка на Јана, а го изгубив другото дете, синот Стефан, кој загина на 23-годишна возраст во една сообраќајна несреќа. Го собори еден автомобил на пешачки премин во Белград во 2016 година. Ми беше многу болно, тешко, непремостливо. Сега им се посветив на моите внуки“ – изјави Жаклина во минатото.

Жаклина со покојниот син СтефанЖаклина со покојниот син Стефан Жаклина со внукитеЖаклина со внуките Жаклина Писано

Еве го нејзиното предновогодишно писмо, кое пренесува важна лекција:

За мене, декември е месец за рефлексија.

Моето семејство е мој живот и сé останато е споредно по важност за мене.

Има два дена во годината кога најчесто секој од нас се навраќа наназад на нештата – Новогодишната вечер и роденденот. За мене, двете се паѓаат во декември. Пред да зачекорам во Нова Година, се навраќам на најскапоцените лекции кои ги добив од изминатава.

Време е да се навратам и на целиот мој живот. На сé што се случи во изминатите години; какви се моите планови и надежи за следната година; што постигнав во изминатите години; кои беа моите неуспеси и кои беа моите успеси. Колку повеќе стареам, толку појасно гледам дека мојата најголема љубов, инспирација, мотивација... моето најголемо постигнување во животот се:

Моето семејство.
Моите деца и внуци.

Кога ќе се случи голема трагедија, тие можат да нé променат, да ни помогнат да го сфатиме длабокото значење на семејството.

По трагедија, смрт во семејството, нештата никогаш повеќе не се исти – за секоја личност и за секоја врска. Тогаш сфаќаш дека не можеш да ја гушнеш твојата Hermes чанта за да се чувствуваш подобро! Ништо не може да ти помогне да се чувствуваш подобро! Освен, малите рачиња на твојата сакана внука околу твојот врат.

Единствениот начин да продолжиш понатаму е да продолжите заедно, како семејство. Поддржувајте се и сакајте се меѓусебно. Никогаш не знаете што ќе ви донесе иднината, но ако сте таму еден за друг, ќе можете да се потпрете еден на друг и да продолжите понатаму! Заедно!

Сите сме зафатени. Животот се случува. Секогаш ќе има нешто што ќе ни го одвлече вниманието и ќе нé оддалечи од нештата кои треба да ги направиме – работа, реновирање на домот, бркање на тоа унапредување... Не можам да речам дека жалам што сум немала некое од овие. Но...

Гледајќи од оваа точка во животот, ако има нешто што можам да го посочам како мое најголемо каење, тоа би била мојата одлука да имам само 2 деца.

Жаклина слободно може да се нарече модна икона. Нејзините стилски приказни ги следат повеќе од половина милион обожаватели. Погледнете дел од нив:

Жаклина Писано Жаклина Писано Жаклина Писано Жаклина Писано Жаклина Писано Жаклина Писано Жаклина Писано Жаклина Писано Жаклина Писано Жаклина Писано Жаклина Писано Жаклина Писано
Tags
Жаклина Писано
Жаклина
модна блогерка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.