• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Најгледаниот детски филм во Данска во последните 25 години „Кариран нинџа“ доаѓа во домашните кина синхронизиран на македонски и албански

2 мај 2019, 12:31
  • cподели

Анимирана филмска авантура за најмладите гледачи од 2 мај приредува продукциската и дистрибутерска куќа „Катавеј“, која минатата и предминатата година успешно ги прикажа детските филмови „Неверојатната приказна за џиновската круша“ и „Малиот гангстер“. Годинава го носи најпродаваниот анимиран филм во Данска „Кариран нинџа“, синхронизиран на македонски и на албански јазик.

Данскиот комичар Андерс Матесен, кој е и режисер на филмот, ги урна сите рекорди на гледаност со новиот анимиран филм за опседнатата карирана кукла. Со скоро еден милион продадени кино билети, „Кариран нинџа“ влезе во историјата како еден од најпродаваните филмови во данските кина. Не само што Андерс Матесен направил филмски хит, туку и песните од филмот се исто така хитови на данските музички листи.

Кариран нинџа

Приказната е за Алекс, ученик во седмо одделение, кој е вљубен во Џесика, ученичка во осмо одделение. Неговиот однос со полубратот Шон и очувот Џон е напнат. Алекс и неговиот пријател Одисеј на училиште ги малтретирашколскиот мангуп Глен од посебните одделенија. Кога вујкото на Алекс, Стјуарт, ќе се врати од патувањето во Тајланд, ќе му донесе специјален подарок – нинџа кукла направена од кариран материјал, која всушност е жива, односно е опседната со стар јапонски дух. Карираниот нинџа му помага на Алекс да се справи со школските проблеми: заедно ќе го победат Глен и Алекс ќе ја освои Џесика. Но, Карираниот нинџа има мисија да му се одмазди на циничниот директор на фабрика за играчки, Филип Еперминт, кој убил дете кое работело во неговата фабрика во Тајланд.

Алекс не сака да биде дел од оваа крвна одмазда, но ветува дека ќе му помогне на Карираниот нинџа, па почнуваат да се натпреваруваат меѓусебе. Алекс ќе го научи Нинџата многу важна лекција: дека крвавата одмазда не е ништо друго туку крваво злосторство и постои друг начин на кој може да му се одмазди на криминалецот без да ги извалка рацете.

Во 2019 година, филмот ја освои наградата за најдобар филм за деца и млади и за најдобро адаптирано сценарио на Роберт фестивалот, беше прогласен за најдобар дански филм на наградите „Зулу“ и беше номиниран за најдобар филм за наградите "Бодил".

За сите што ќе го пропуштат „Кариран нинџа“ во кино или сакаат да го гледаат од удобноста на својот дом, „Катавеј“ нуди можност филмот да се гледа онлајн преку платформата cinesquare.net. Со едноставна регистрација на платформата филмот може да се изнајми по цена од едно евро.

Трејлерот за филмот на македонски јазик можете да го погледнете тука, а на албански јазик тука.

Кариран нинџа

„Катавеј“ по трет пат е организатор на ваков голем проект којшто се реализира во две земји, Македонија и Албанија. Проектот меѓу другото, подразбира и кинопроекции и онлајн прикажиување во двете земји на еден ист филм, синхронизиран на јазикот каде што ќе се прикажува.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Комерцијален текст

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.