• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Најдоброто од Њујоршката недела на модата – колекции пролет/лето 2016

24 септември 2015, 14:53
  • cподели

Модниот месец започна во динамичниот Њујорк. Рекордни 125.000 посетители итаа од ревија на ревија, од забава на забава, создавајќи мал стилски хаос.

Марк Џејкобс со екстравагантно шоу ги спушти завесите на повеќедневниот настан, за време на кој беа разоткриени колекциите пролет/лето 2016 на стотина дизајнери.

Лежерните колекции ѝ подарија на толпата едно големо „дежа ву“. Мешавината од хипи, гранџ и спортска инспирација врескаше „веќе видено“, но ентузијазмот на публиката ја задржа возбудата на високо ниво. „Новитет“ на пистите беше ангажирањето на сè повеќе манекенки од различни раси и големини.

Наим Кан

Во умствениот вртлог на Кан биле неговите музи Грејс Кели и Софија Лорен додека тој ја креирал новата колекција, но самиот концепт за неа се родил додека тој бил на патување во Мексико. Популарниот дизајнер открил дека се инспирирал од забавата за 60. роденден на неговата сопруга, кога гостите требало да се облечат во стилот на Фрида Кало.

Вкупно 600 лица работеле на колекцијата со детали и декорации кои заробуваат погледи.

Наим Кан Наим Кан
Наим Кан Наим Кан Наим Кан Наим Кан Наим Кан Наим Кан Наим Кан Наим Кан Наим Кан Наим Кан Наим Кан Наим Кан

Каролина Ерера

Деликатната розово-бела колекција на Каролина пленеше со дискретна транспарентност, нежност и неочекувани геометриски елементи.

„Тајната на тоа да си здодевен е да кажеш сè... Важно е да се зачува малку мистерија. Јас дизајнирам облека која е заводлива и сензуална, но секогаш ѝ оставам нешто за имагинацијата. Модата, на крајот на краиштата, е за фантазија“ – рекла Ерера.

Каролина Ерера Каролина Ерера
Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера

Ралф Лорен

Новата колекција на Лорен е модерна експресија на гламурозниот дух на француската ривиера.

Елегантни морнарски комбинации, смели колоритни принтови кои се асоцираат со модернистичката уметност, лелеави фустани со риги и ситни цвеќиња... 75-годишниот моден ветеран не експериментира премногу, но токму тоа ја одржува неговата популарност кај дамите.

Ралф Лорен Ралф Лорен
Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен

Дајен фон Фирстенберг

„Оваа колекција ја слави жената, убавината, слободата и природата. Таа е за жените кои се чувствуваат како божици“ – изјавила Фирстенберг и објаснила дека се инспирирала од првата уметничка слика која ја купила.

Оптимистичката колекција вклучува судир на принтови, леснотија и класични силуети.

Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг
Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг Дајен фон Фирстенберг

Викторија Бекам

„Безгрижна“ – со овој збор Викторија неколкупати ја опиша својата колекција и сподели дека при креирањето потсвесно ѝ влијаеле различните места низ светот кои таа редовно ги посетува.

Ведрите бои се резултат на нејзините патувања во Африка, карето е во чест на Лондон каде таа живее сега со своето семејство, а „сурферските“ мотиви доаѓаат од Калифорнија каде славното семејство создаде дом во изминатите години.

Викторија Бекам Викторија Бекам
Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

Живанши

Ревијата на Рикардо Тиши крена голема прашина и пред да започне, бидејќи сите сакаа да ѕирнат што ќе понуди талентираниот дизајнер за 10-годишнината од влегувањето во модната куќа, но и по завршувањето, заради модниот перформанс во чест на загинатите во терористичкиот напад на 11 септември и заради новите црни и бели креации.

Интригантниот танц на Тиши помеѓу машкоста и женственоста резултираше со колекција која ги исправи гостите на нозе. „Таа ми дојде многу природно, полна е со љубов. Тоа е многу романтична колекција, јас сега сум во многу романтичен момент од мојот живот“ – рекол Тиши.

Живанши Живанши
Живанши Живанши Живанши Живанши Живанши Живанши Живанши Живанши Живанши Живанши Живанши Живанши

Ана Суи

Разиграната колекција на Суи влече корени од Тахити и Хонолулу. Релаксирани силуети, силни бои и смели принтови ги разбудија фантазиите на гостите за уживање на рајски островски плажи.

Ана Суи Ана Суи
Ана Суи Ана Суи Ана Суи Ана Суи Ана Суи Ана Суи Ана Суи Ана Суи Ана Суи Ана Суи Ана Суи Ана Суи

Мајкл Корс

Лежерна елеганција и земјени нијанси царуваат во колекцијата на Корс, кој се инспирирал од дами како Елза Перети и Џорџија О’Киф.

Транспарентните ткаенини и расечените здолништа внесоа умерен сексапил. „Убеден сум дека можеш да бидеш покриена, а сепак да бидеш секси“ – коментирал Корс.

Мајкл Корс Мајкл Корс
Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс

Марк Џејкобс

Театралноста на Џејкобс не познава граници, па неговите забавни изненадувања секогаш го засилуваат љубопитството на публиката. Црвената, сината и белата боја застанаа во темелите на гранџ колекцијата, потсетувајќи на знамето на САД. „Што е Америка за мене? За мене, Америка е Њујорк“ – рекол Марк пред шоуто.

Армија ѕвезди, меѓу кои и Адријана Лима, Ирина Шајк, Џоан Смолс и Емили Ратајковски, парадираа со фризури инспирирани од 40-тите години и облека која го елиминира чувството на рамнодушност. И пејачката Бет Дито беше една од избраничките на Џејкобс, кој спектакуларно го означи крајот на модната недела во Големото јаболко.

Марк Џејкобс Марк Џејкобс
Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс
Tags
Њујоршката недела на модата
коелкции пролет лето 2016

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.