• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Најчеста причина поради која мајките се откажуваат е сомневањето дека немаат доволно млеко“: Јасна Апостолски-Николов за предизвиците на доилките

6 август 2026, 12:00
  • cподели

Со своето стручно знаење, практични совети и несебична поддршка, Јасна Апостолски-Николов секојдневно помага на многу мајки да го пронајдат својот пат до прекрасниот чин наречен „доење.“ Како прва меѓународно сертифицирана консултантка за доење (IBCLC) во Македонија, таа долги години е главниот „виновник“ за многу успешни доенечки приказни.

Секоја година, првата недела од август традиционално е резервирана за подигнување на свеста за доењето, а по тој повод, Јасна за Фемина зборува за најчестите предизвици со кои се соочуваат мајките, причините поради кои се откажуваат од доење и важноста од стручната поддршка.

Јасна Апостолски-Николов
Јасна Апостолски-Николов, меѓународно сертифицирана консултантка за доење (IBCLC)

Осврнувајќи се на своето досегашно искуство, основачката на Школото за трудници и доење, вели дека најчеста причина поради која мајките се откажуваат е недовербата во сопственото тело.

„Ако се навратам и одберам од моето седумгодишно искуство како консултант за доење, најчеста причина е сомневањето во себе дали мајката има доволно млеко и поврзувањето на плачот на бебето со глад. Сето тоа допринесува за зголемување на внесот на формулата заради која самиот процес на развој на лактација веќе не се ни развива. Втора по честота причина се болните брадавици. И има уште многу да се набројат како причини, само сакам да напоменам дека во многу случаи причината можела да биде отстранета и да продолжат со доење.“

Јасна смета дека многу од почетните потешкотии можат да се избегнат доколку идните родители навреме се информираат и посетуваат пренатални едукации.

„За да се избегнат грешките, потребно е да се посетува каква било пренатална едукација за доење и развој на лактација, за да знаат мајките дека сепак иако доењето е еден природен, спонтан, физиолошки процес, сепак може да биде предизвик за кој понекогаш треба упорност и трпение. Добро е да знаат дека постојат сертифицирани стручни лица – консултанти за доење, кои можат да им бидат помош и поддршка во првите денови.“

Доење

На мајките кои се соочуваат со предизвици и размислуваат да се откажат од доењето им порачува да не остануваат сами со проблемот, туку навреме да побараат стручна помош.

„Доколку имаат каков било предизвик, да побараат помош и поддршка од консултант за лактација. IBCLC консултантите за доење постојат од 1985 година, професија добро позната во светот, која всушност затоа и постои, за помош и поддршка на доилките.“

Годинава, шеста по ред, по повод Светската недела на доењето, заедно со Наташа Цветановска Тодосовска од едукативна веб платформа „Доење со љубов“, организираат низа активности и едукативни настани наменети за трудници, доилки и здравствени работници.

„Како и секоја година, така и оваа, имаме настани за одбележување на Светската недела на доење. Веќе се во тек настаните во хотелот „Мериот“. Програмата може да ја разгледате на нашите социјални медиуми www.bebelogija.mk и www.doenjesoljubov.com. Има интересни содржини и работилници кои навистина се од помош и за трудниците и за доилките и секако за здравствените работници.“

Светска недела на доењето

Според неа, интересот на родителите од година во година е сè поголем, иако настаните се организираат во најтоплите летни денови.

„Иако овие настани се одржуваат во период кога температурите се високи, сепак од година во година посетеноста е сѐ поголема, што е доволен доказ дека вакви настани се повеќе од потребни да се одржуваат во континуитет.“

Воедно, забележува и позитивен тренд, сè повеќе родители се охрабруваат да побараат стручна поддршка кога ќе се соочат со предизвици во доењето.

„Иако стапката на доење во нашата држава е ниска, јас се радувам што сѐ повеќе родители бараат помош и поддршка од стручно лице (консултант за доење). Споредбено од првата година кога почнав да работам како IBCLC, сега потребата и бројот на консултации е доста зголемен, а јас посебно се радувам што сум дел од овие успешни приказни.“

За крај, консултантката за доење испраќа едноставна, но важна порака до сите идни и нови родители – да не ја потценуваат моќта на навремената едукација.

„Нешто што постојано го повторувам е да се информираат и да посетуваат ваков тип на едукации, бидејќи секој совет, секоја информација, може да им помогне некогаш при некој предизвик.“

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Јасна Апостолски-Николов

Најнови

  • Северина

    „Анксиозна сум...“: Северина ја објави новата песна од музичката трилогија

    Thu, 08/06/2026 - 13:16
  • Доење

    „Најчеста причина поради која мајките се откажуваат е сомневањето дека немаат доволно млеко“: Јасна Апостолски-Николов за предизвиците на доилките

    Thu, 08/06/2026 - 12:00
  • Лепа Брена падна на сцената во Будва сред концерт, се исправи и продолжи да пее

    Thu, 08/06/2026 - 11:32
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.