• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„На сцената се преправав дека сè е во ред“: Ен Хетавеј откри дека имала спонтан абортус во 2015 година

26 март 2024, 09:00
  • cподели

Ен Хетавеј откри дека имала спонтан абортус пред да успее да го добие првото дете и дека патот до станувањето мајка не бил лесен.

Во најновото интервју, славната актерка сподели дека во 2015 година изгуби едно бебе во својата утроба. Истовремено, таа имала улога во претстава во која глумела бремена пилотка која се пораѓа.

„Првиот пат не успеа за мене. Играв во претстава во која морав да раѓам секоја вечер на сцената. Имав толку многу нешта кои ги криев во себе додека бев на сцената и се преправав дека сè е во ред“ – признала Ен.

Ен Хетавеј

Разговорот бил поттикнат од нејзината порака при објавувањето на втората бременост. Во постот од 2019 година, Хетавеј сподели фотографија со трудничкото стомаче и напиша: „За сите оние кои минуваат низ неплодност и пекол со зачнување, ве молам знајте дека не беше лесно за ниту една од моите бремености. Ви испраќам многу љубов“.

Ен Хетавеј

Таа објасни дека знаејќи дека процесот за зачнување може да биде многу тежок за некои парови, не сакала да го занемари тоа при објавувањето на убавата вест.

„Со оглед на болката која ја почувствував додека се обидував да забременам, ќе беше неискрено да објавам нешто многу среќно кога знам дека приказната е многу поразлична за секого“ – дополнила холивудската ѕвезда.

Ен има две деца со сопругот Адам Шулман. Нивните синчиња Џонатан и Џек се родија во 2016 и 2020 година.

Првото дете тие го добија четири години по стапувањето во брак.

„Па кога застанав на другата страна, кога приказната стана добра за мене сакав да им кажам на другите жени: ’Ве гледам и со вас сум’. Навистина е тешко кога сакаш нешто толку многу и се прашуваш дали правиш нешто погрешно“ – признала Ен.

Ен Хетавеј Ен Хетавеј Ен Хетавеј Ен Хетавеј Ен Хетавеј Ен Хетавеј

Најнови

  • Златна бубамара 2026

    „Апсолутна власт, апсолутна забава“: Атмосферата и наградите на „Златна бубамара 2026“

    Fri, 02/27/2026 - 21:45
  • Вера Мештеровиќ на Златна бубамара

    Вера Мештеровиќ во гламурозна креација на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 14:35
  • Вечен шармер: Владо Јаневски се закити со статуетка на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 13:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.