„На 5-6 години правам голема грешка. Наоѓам дома некакви пари и ги крадам...“: Слаткар откри како го доби својот прекар
Марко Маринковиќ - Слаткар за првпат отворено откри како го добил својот препознатлив прекар, кој воедно е и негово сценско име.
Во емисијата „Никој да не знае“ со Катерина Тодевска Спасиќ, познатиот македонски рапер изјави дека прекарот го добил уште во раното детство и ја раскажа интересната случка која му го одбележала животот.
„Јас на некои мои пет-шест години или четири, не знам ти како правам голема грешка. Наоѓам дома некакви пари и ги крадам тие пари, ги земам тие пари и излегувам. Ај јас ќе одам долу на флипери.
Пред да влезам на флипери, влегов во еден локален гранап и купив многу колачи, слатки и со останатите пари влегов на флипери и купив многу жетони. И сите тие жетони ги разделив и сите игравме, а самите колачи не сум сакал да ги давам. Некој како му рекол, дај ми бе една и јас сум рекол, не може малку ми се. И оттогаш човекот што уствари работел на тие флипери ме завикал Слаткар.
Ова се случува 91-ва, 92-ра и оттогаш мене цело маало ме вика Слаткар“ – објасни Марко.
Видео од цела емисија: