• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

На 30-тиот роденден дозна дека е бремена, на 14-годишнината дека чека син: Николина и Благоја со слатка фотосесија ја споделија радоста

25 август 2026, 08:40
  • cподели

По 14 години љубов, Николина и Благоја Нанески го започнуваат своето најубаво заедничко поглавје. Среќните партнери од Крушево наскоро ќе станат родители.

Годинава два датуми им донесоа две незаборавни вести. На 27 мај, на нејзиниот 30-ти роденден, дознаа дека ќе станат родители, а само неколку месеци подоцна, на 14-годишнината од нивната љубов (11 август), открија дека очекуваат синче.

За Фемина, Николина и Благоја искрено раскажуваат за моментот кога дознале дека ќе станат родители, за возбудата при откривањето на полот, изборот на името, долгогодишната љубов, но и за очекувањата од најубавата животна улога – да станат мама и тато.

Како го доживеавте моментот кога го добивте позитивниот тест за бременост?

Вистина посебен ден... ден кога јас сум дошла на свет пред 30 години... За мојот 30-ти роденден, 27 мај е моментот кога дознавме дека ќе станеме родители... беше тивок, а во исто време толку силен што засекогаш ќе остане во нашите срца. Го гледавме тестот, се погледнавме еден со друг и без многу зборови знаевме дека животот ни се менува засекогаш. Тоа беше една силна и долготрајна прегратка што кажуваше повеќе од илјада зборови.

14 години сте заедно, а токму на оваа годишнина се радувате и на бременост. Како изгледаше моментот кога дознавте дека очекувате синче?

Беше еден од оние моменти кои не се опишуваат лесно со зборови. Толку многу емоции, среќа и возбуда во еден миг. Го славевме нашиот ден, а истовремено добивме уште една причина зошто овој датум засекогаш ќе ни биде најпосебен.

Како најубав подарок за 14-тата годишнина, на 11.08 дознавме дека во нашиот живот пристигнува едно мало момче.😊🍀

Дали некој од вас од самиот почеток чувствуваше дека ќе биде момче, или полот ве изненади?

Јас немав никакво чуство сè додека не дојде денот кога требаше да го откриеме полот. Пред да отидеме на Крушевското езеро му шепнав на сопругот... мислам дека е момче.😁

На видеото со кое ја споделивте убавата вест веднаш се чувствува колку сте возбудени. Кој од вас двајца повеќе се израдува кога го дознавте полот?

Среќата беше иста кај двајцата... преголема и неопислива.

Сега кога знаете дека во вашиот дом доаѓа момче, дали веќе се прашувате на кого ќе личи и дали имате избрано име?

Сега, кога веќе знаеме дека во нашиот дом доаѓа едно мало момче, секој ден си поставуваме исти прашања: на кого ќе личи, чија насмевка ќе ја има, чии очи ќе нè гледаат. 

За името имавме договор уште одамна, ако е девојче ќе изберам име јас, но ако е момче да избере сопругот.

14 години се навистина долг период. Кој е моментот од вашата љубовна приказна на кој и денес со насмевка се навраќате и велите „од тука почна сè“?

Секогаш кога ќе се присетиме на таа вечер 11.08.2012 година, беше топло лето нетипично за Крушево, ни се враќаат најубави спомени. Каде бевме, а каде сме денес... за овај период од 14 години заедно поминавме многу, растевме рака под рака и научивме што значи вистинска љубов... Многу смеа, радост, разочарувања и предизвици, но едно сфативме дека можеме сè заедно.

Дали разговарате за тоа каков татко ќе биде Благоја, а каква мајка Николина? Кој од вас ќе биде построгиот родител, а кој однапред знаете дека ќе го разгалува? 😄

Често разговараме и за тоа какви родители ќе бидеме. Знам дека Благоја ќе биде грижлив и заштитнички татко, оној што ќе го држи за рака и ќе му биде најголемиот херој. А јас ќе се трудам да бидам трпелива и секогаш тука за него. Иако мислам дека јас ќе бидам построгата, веќе знам дека Благоја ќе биде оној што ќе попушта и ќе го разгалува малце повеќе од мене.

Ако можевте сега, додека сè уште е под срцето, да му испратите една порака на вашиот син, што би му напишале?

Мило наше бебенце, уште не сме те запознале, а веќе си нашата најголема љубов. Те чека дом исполнет со прегратки, смеа и безусловна љубов. Ти благодараме што нè избра нас да бидеме твои мама и тато. Те сакаме бескрајно и едвај го чекаме денот кога ќе те држиме во раце. 💙✨

Најнови

  • „Го изгубив целото мое семејство, имам болест...“: Кејт Бекинсејл возврати на коментарите дека е преслаба и го избриша Instagram профилот

    Tue, 08/25/2026 - 08:49
  • На 30-тиот роденден дозна дека е бремена, на 14-годишнината дека чека син: Николина и Благоја со слатка фотосесија ја споделија радоста

    Tue, 08/25/2026 - 08:40
  • Згодниот татко на Дуа Липа со фотографии од младоста ѝ го честиташе роденденот, му се придружија и сопругата и ќерката

    Tue, 08/25/2026 - 08:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.