Музичката сензација Јаков Јозиновиќ доби награда на „Златна бубамара“ и ја освои публиката со „Оливера“ на Балашевиќ
Јаков Јозиновиќ за првпат присуствуваше на „Златна бубамара на популарноста“ каде прими награда.
Младата музичка сензација од Хрватска го доби признанието Регионално откритие на годината, а неговото доаѓање во Македонија предизвика голем интерес кај публиката.
На синоќешната манифестација, Јаков освојуваше со емотивната изведба на песната „Оливера“ од легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, со која се прослави на TikTok и стана регионален феномен.
На 9 април, Јаков ќе го одржи првиот концерт во Македонија.