• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

„Муур“: Новата модна колекција на македонската дизајнерка Ирина Тошева

3 септември 2020, 09:55
  • cподели

Модната дизајнерка Ирина Тошева преку едиторијал и видео ја претстави новата колекција „Муур“, за која вели дека е прослава на сè она во што верува.

„Oблеката не е само апстрактна претстава на креативната визија, колку и да е иновативна. Самата изработка и занаетот прават таа да заживее, како израз на човечката опиплива и извонредна креативност. „Муур“ е прослава на сè она во што верувам. Отпечаток, жиг на едно време“ - истакнува Тошева.

Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева

Проектот обединува петнаесет локални креативни дејци и индустрии, кои учествуваа во реализацијата на видео кампањата и промотивните фотографии за презентација на колекцијата.

Во составот на моделите се застапени текстурирани еколошки материјали во природни тонови, како што се рустичниот памучен жакард, конопот и јутата проткаени со сирова свила, муслин од органски коноп и лен со European Flax® сертификат. За првпат Тошева работи со макраме - древна техника на рачно врзување јазли. Чевлите, пак, произведени се од пресувана плута во соработка со брендот Schuster.

Секое од парчињата има посебна приказна, деликатно поврзувајќи ги минатото и сегашноста. Налик на „муур“ за старо-новото време.

Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева

Истовремено се работеше и на освежување на веб страницата, каде може подетално да се погледне и нарача колекцијата или закаже термин за посета на ателјето на дизајнерката.

Проектот поврзува 15 локални креативни дејци и индустрии, како стимул за раздвижување на културната сцена, взаемна поддршка и соработка и презентација на талентот кој нè опкружува.

Заштитно лице на кампањата е моделот Надја Миланова. На триминутното промотивно видео работеа режисерката Ана Алексовска и Владимир Димоски како директор на фотографија. Двоецот асистенти на камера го сочинуваа Марјан Петковски и Антонио Станков, а Искра Младеновска асистираше на сетот.

Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева

„Колекцијата потекнува од место на прагматизам, со ограничените ресурси што ги имавме на располагање, а во суштина, токму ограничувањата ни дадоа поостар фокус во сите аспекти. Видеото и едиторијалот се снимени на две монументални, но по малку заборавени локации во градот. Ги одбрав скопскиот Аквадукт и тврдината Кале со цел да се разбуди колективната свест за зачувување на нашето културно-историско наследство“ - вели дизајнерката.

Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева

Автори на наменски создадената музичка тема за видеото се Katerinha, македонска артистка која живее и работи во Берлин, заедно со продуцентот Антоние Весковски.

Фотографиите за едиторијалот се одново дело на Александра Костадиновска, графичкиот дизајн е на Кристина Манчева.

Со секое купено парче облека од „Муур“ ќе се засади дрво именувано според купувачот, и тоа на различни локации во државата благодарение на партнерската соработка со Трибенкс.

Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева Колекција „Муур“ на Ирина Тошева

Видео:

Tags
Ирина Тошева
македонска мода

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.