• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Коса

Мрсна коса

5 октомври 2009, 15:46
  • cподели

Дали страдате од непријатностите кои ги предизвикува мрсната коса? Имате тенка коса и без волумен? Не се разочарувајте. Денес има стотици козметички продукти кои ќе ви помогнат да се справите со мрсната коса, а ние ќе ви помогнеме со неколку корисни совети.

Карактеристики на мрсната коса

Мрсната коса никогаш не изгледа свежа и чиста. Таа останува прилепена за скалпот и затоа нема волумен. Врз овој тип коса полесно се залепуваат прав и други нечистотии, па тоа ѝ го одзема сјајот.

Иако вие постојано ја миете, другите луѓе околу вас немаат таков впечаток. Оние кои имаат поголем проблем ја мијат косата еднаш до два пати во текот на денот.

Причина за појавата на мрсна коса

Мрсна коса
Мрсната коса скоро никогаш не изгледа чисто и покрај тоа што ја миете често.

Мрсната коса е резултат на прекумерното лачење на себум од масните жлезди на скалпот. Себумот е природно масло, кое што ги заштитува скалпот и влакната на косата од надворешни влијанија.

Причините за појавата на вишок на себум можат да бидат како внатрешни, така и надворешни. Мрсната коса може да биде генетски наследена или да биде резултат од промените во нивоата на хормоните во телото. Поради тоа, најзасегнати од проблемот наречен мрсна коса се адолесцентите и жените (поради варирањето на нивоата на хормоните за време на менструалниот циклус, бременоста и менопаузата).

Појавата на мрсна коса може да биде предизвикана и од честото миење на косата со преагресивни шампони. Таквите шампони го сушат скалпот и на тој начин ја предизвикуваат преголемата активност на жлездите што лачат себум. Други причини се и стресот и честата употреба на стилизирачки продукти.

Грижа за мрсната коса

  1. Користете шампон наменет за вашиот тип коса. Не користете преагресивни шампони кои би ги сушеле скалпот и корените на косата, затоа што нема да го добиете ефектот кој го посакувате. Изберете си шампон наменет за мрсна коса или нежен шампон со неутрална pH. Така, ќе можете да ја миете косата колку што имате потреба, без да ја влошите состојбата.
  2. Бидете внимателни. Додека ја миете косата, немојте да ги користите ноктите или да правите преголем притисок на скалпот. Нанесете го шампонот и нежно протријте со врвовите на прстите.
  3. Избегнувајте ја жешката вода. Мрсната коса не треба да се мие со жешка вода. Употребувајте млака вода, а на крајот последниот млаз нека биде студен.
  4. Фенот да биде подалеку од корените на косата. Кога ја сушите косата, држете го фенот подалеку од корените. Жешкиот воздух го поттикнува лачењето на себум. Фенот треба да биде на растојание од 15cm од косата и не се задржувајте на еден прамен подолго од 15 секунди.
  5. Рацете подалеку од косата. Ако имате навика постојано да ја допирате косата во текот на денот, откажете се од неа. Постојаните допири на косата и скалпот дополнително ја мрсат косата.
  6. Намалете ја употребата на стилизирачки продукти. Тие можеби му даваат сјај на косата, но таа изгледа тенка и без обем.

Домашна нега за мрсната коса

Маска со глина

Измешајте глина во прав со киселина и вода, додека не добиете густа смеса. Нанесете ја маската на косата, оставете ја 10 минути и потоа измијте ја косата со шампон и млака вода. Ако имате мрсна коса со суви врвови, нанесувајте ја маската само на корените на косата.

Маска со белка од јајце

Изматете една белка од јајце, додајте една чајна лажичка сол и сок од еден лимон. Повторно изматете. Маската разнесете ја на кожата на главата и оставете ја да дејствува 30 минути. Измијте ја косата со шампон и млака вода.

Етерични масла

Додајте 3-4 капки масло од лаванда или портокал во шампонот. Овие масла се одлични за мрсната коса, затоа што имаат тонизирачки и антисептички својства.

Tags
коса
мрсна коса

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.