• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Моќна фотографија од бебе во срце од шприцови покажува низ што поминуваат жените со „ин витро“

9 октомври 2015, 09:20
  • cподели

Моќна фотографија, која на одличен начин ја опишува болката и радоста на вештачкото оплодување, разнежни илјадници лица низ светот и ги поттикна да ги споделат своите искуства.

На неа, женско бебенце спие мирно на кревет, а околу него во форма на срце се наредени стотици шприцови. Тие биле користени од мајката на бебето, Ангела, во текот на неколку ин витро постапки за оплодување.

Бебе

Во описот пишува дека фотографијата е доказ за љубовта која беше вложена за да се направи ова прекрасно бебенце.

Докторот на Ангела тврди дека за време на неколкуте ин витро циклуси биле користени многу повеќе шприцови од оние кои се на фотографијата. Ангела ги советува сите жени кои минуваат низ истиот пат како неа да издржат.

Објавата за само неколку дена е споделена илјадници пати, а во стотиците коментари многу мајки споделија фотографии од своите деца зачнати со ин витро и признаа дека вредела секоја нивна жртва.

Една од мајките до кои допре фотографијата напиша на Facebook:„Не му ни кажав на сопругот за што е фотографијата, само му го подадов телефонот за да ја види. Видов како се формираат солзи во неговите очи, најверојатно зашто и тој како мене помина низ спомените од безбројните ноќи кога ми ги ставаше инјекциите во текот на нашето 4-годишно патување. Конечно успешно добивме момчиња близнаци и никогаш не сме биле посреќни“ .

„Моите близнаци зачнати со ИВФ сега имаат 13 години. Вредеше секоја инјекција, секоја процедура, секој километар до клиниката за оплодување“ – пишува друга мајка.

„Вредеше секое земање на крв, секоја инјекција, секој момент“ – пишува во трет коментар.

Wow, what a photo. Thank you to Sher Fertility St. Louis and Dr. Dayal patient Angela, who shows the true definition of love that went into making this gorgeous new baby girl.

Posted by Sher Institutes on понеделник, 5 октомври 2015
Tags
ин витро
бебе

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.