• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Мојот најголем моден момент“: Џенифер Лопез раскажа сè за зелениот фустан Версаче кој го носеше на Греми 2000

23 април 2019, 09:22
  • cподели

Џенифер Лопез засекогаш ќе остане запаметена во светот на музиката и модата по иконскиот зелен фустан Версаче, во кој заведуваше на доделувањето на наградите Греми во 2000 година.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

49-годишната пејачка објави видео на својот YouTube канал, во кое раскажува сè за разголената креација со тропски дезен. Нарекувајќи го фустанот „мојот најголем моден момент“, Лопез откри дека тој е заслужен за создавањето на Google Images.

Но, Џеј Ло за малку немало да ја носи прочуената креација од Версаче, бидејќи нејзината стилистка инсистирала таа да носи друг фустан. Причината била во тоа што зелената креација била носена трипати претходно, дури и од самата Донатела Версаче, и дека веќе била видена од јавноста.

Менаџерот на Лопез, Бени Медина, ја убедил славната музичарка да го одбере зелениот фустан. „Го облеков зелениот фустан и излегов и Бени рече: ‘Тоа е тоа. Тоа е тоа. Не вели ништо. Тоа е фустанот’“ – вели Лопез во видеото и објаснува дека најмногу била загрижена да не ѝ се отскријат градите на сцената, каде требало да додели награда. Но, откако ставиле двострана леплива лента на рабовите на фустанот, таа загриженост исчезнала.

Само што зачекорила на црвениот тепих, сите погледи и објективи се насочиле кон Лопез и таа вели дека не можела да разбере што се случува. „Одеднаш започнав да слушам мрморење. Си реков дека тоа е Греми и мора да има некој славен зад нас. Беше лудница. Блицовите одеднаш започнаа да светат на начин кој не беше вообичаен. Имаше екстра кинетичка енергија таму. Се прашував што се случува. Немав претстава дека сè беше поради овој фустан“ – објаснува таа. Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Лопез вели дека истата одушевувачка реакција гостите на Греми ја имале и кога таа се појавила на сцената.

Видео

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Лопез најмногу се изненадила следниот ден, кога се појавила на насловните страници на врвните модни списанија. „Во аголот стоеше дека Сантана освои 11 Греми награди. Си реков, овој човек штотуку сруши рекорди, но луѓето сакаат да знаат за овој фустан. Тоа беше најлудото нешто, но само ја покажува моќта на модата“ – вели Џенифер.

Огромниот интерес на луѓето за фустанот бил причината за создавање на Google Images. „Толку многу луѓе пребаруваа за ова, но тие немаа претстава како да пребаруваат фотографија во тоа време на интернет, па го создадоа Google Images“ – објаснува славната поп дива.

На крајот од видеозаписот, Џенифер откри дека во мај, на балот МЕТ, ќе носи креација од Версаче. Со солзи во очите, таа изрази сочувство за еден од кројачите кој починал пред неколку дена додека работел на новата креација.

Целосното видео на Лопез за зелениот фустан Версаче

Tags
Џенифер Лопез
Греми 2000

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.