Модната блогерка Кијара Ферањи рече ДА, саканиот ја побара за жена сред концерт пред илјадници фанови
Кијара Ферањи наскоро ќе заплива во брачните води. Популарната блогерка му рече ДА на својот партнер, пред илјадници сведоци.
30-годишната стилска ѕвезда го славеше својот 30. роденден во Италија и доби многу изненадувања, но најголемото беше од нејзиниот партнер Федез.
За време на својот концерт во Верона, италијанскиот пејач и рапер ја повика Кијара на сцената, ѝ испеа романтична песна, а на крајот клекна на колена и ја побара за жена.
Во рамките на настапот, Федез рече: „не ни се потребни прстени за да нè држат заедно“, но потоа продолжи со „но, за да те прашам она што ќе те прашам, можеби ми е потребен еден“.
Погледнете го видеото:
За специјалната вечер, Кијара носеше краток фустан од Сен Лоран.
