Модерна Русинка во забавни видеа покажува како да ги носите истите парчиња во различни комбинации
Татјана Котова ќе ви ја разбуди креативноста и ќе ве охрабри повеќе да експериментирате кога ја комбинирате облеката.
34-годишната пејачка од Русија, која ја носи и титулата Мис на Русија 2006, снима забавни видеа во кои стилизира едно парче облека на различни начини. Во некои од интересните видеа, таа танцува на свои песни.