• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Модел ја изненадил својата сестра со Даунов синдром со роденденска фотосесија, на нејзината радост ѝ немало крај

20 октомври 2017, 11:07
  • cподели

Британи Гарафола не можела да ја сокрие радоста кога добила роденденска фотосесија од својот брат. 32-годишната Американка која има Даунов синдром долго време посакувала да биде модел како својот брат Крис, па кога желбата ѝ била исполнета, нејзината среќа била неизмерна.

Фотографиите, кои ја подигнуваат свеста за лицата со попречености, стоплија илјадници срца низ целиот свет.

Британи Гарафола Британи Гарафола

Кога биле деца, Крис секогаш се обидувал да биде близок со својата постара сестра и да поминува повеќе време со неа. Тоа станало тешко кога Крис се запишал на факултет и се иселил од дома, а потоа уште потешко кога Крис станал познат модел.

Британи Гарафола Британи Гарафола

И покрај обврските, успехот и тотално различниот начин на живот, 29-годишниот модел често се враќа во семејниот дом и не ја запоставува својата 32-годишна сестра. „Таа е отсекогаш мојата најдобра пријателка. Мојата цел е да се осигурам дека мојата сестра има добар живот, дека е заштитена и е здрава. Нејзината среќа е и моја среќа и тоа остана така уште од времето кога бевме деца па сѐ до денес“ – раскажува Крис.

Британи Гарафола Британи Гарафола Британи Гарафола Британи Гарафола

Британи отсекогаш се идентификувала со својот помлад брат и секогаш сакала да ги прави истите работи. Така ѝ се појавила и желбата да биде модел и да се фотографира. „Кога започнав да ѝ ги покажувам рекламите и списанијата во кои ме имаше, ќе ми речеше дека и таа сака да го прави тоа. Јас ѝ кажував дека таа е веќе модел и дека јас се обидувам да бидам како неа“ – вели Крис.

Британи Гарафола Британи Гарафола Британи Гарафола

Британи долго не ја заборавила својата желба и често ја споменувала. А поради тоа што една од најголемите радости за Британи биле нејзините родендени, Крис се сетил да ја изненади и да организира тајна фотосесија како роденденски подарок. Повикот за волонтери кои би сакале да ја спроведат фотосесијата, Крис го споделил на својот профил на Facebook, а по кратко време се пријавиле многу професионалци.

Британи Гарафола Британи Гарафола Британи Гарафола

Подготовките започнале, а на Крис му било најтешко да ја лаже Британи дека за нејзиниот роденден нема да прават ништо посебно. На денот на роденденот, таа била многу разочарана бидејќи Крис ѝ предложил едноставно да одат и да земат нешто за јадење. Тој, нивната мајка и Британи се упатиле кон локацијата која била претходно избрана. Штом ѝ кажале на Британи кои се луѓето што ги чекаат, на нејзината среќа ѝ немало крај. „Започна да скока, да ме гушка и да плаче. Беше навистина емотивно“ – се потсетува Крис на реакцијата на својата сестра.

Британи Гарафола Британи Гарафола

Шминкерите и стилистите неколку часа ја подготвувале Британи, а таа многу сериозно ја сфатила својата улога на модел. Уживала за време на фотосесијата и била пресреќна што ѝ се исполнила желбата да позира пред професионални фотографи.

Британи Гарафола Британи Гарафола Британи Гарафола

Роденденското изненадување што Крис го подготви за Британи предизвика многу позитивни реакции ширум светот. Тој вели дека му е мило што ја направил среќна својата сестра и дека се надева дека фотографиите од Британи ќе придонесат за подигнување на свеста за лицата со попречености. Фотографиите од Британи се објавени и на официјалниот сајт на фотографското студио Hive Studio каде што стои пораката „Среќен роденден Британи, прекрасна си!!!“

Британи Гарафола Британи Гарафола
Tags
Даунов синдром

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.