Манифестацијата Critics’ Choice Awards синоќа се одржа по 23-ти пат. На холивудската свеченост беа наградени најдобрите во филмската индустрија за изминатата година.
За Најдобар филм критичарите го прогласија „The Shape of Water“. Наградата за Најдобра актерка заврши во рацете на Франсес Мекдорманд за улогата во „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“, додека за Најдобар актер беше избран Гери Олдман за „Darkest Hour“.
Слатката Бруклин Принц се закити со наградата Најдобра млада актерка, а „The Handmaids Tale“ беше прогласена за Најдобра серија драма.
На доделувањето на Златен глобус ѕвездите протестираа во црни креации, но овојпат тие избраа посветли аутфити.
Погледнете како изгледаа славните дами и оценете го нивниот стил:









































