Во Њујорк секоја година се одржува најголемата модна парада организирана од Ана Винтур, главната уредничка на „Вог“. Пред музејот на уметноста „Метрополитен“, дефилираа модни, музички, филмски и спортски ѕвезди.
Темата годинава диктираше авангарден стил, а беше инспирирана од дизајнерката Реј Кавакубо, основачката на брендот Comme des Garçons.
Иако повеќето гости го игнорираа дрес-кодот, имаше и ентузијастки како Ријана и сопругата на Фарел Вилијамс кои останаа доследни на темата.
Погледнете како изгледаа гостинките и оценете го нивниот стил:



















































































