• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Модата на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ 2025 во Битола

21 септември 2025, 17:20
  • cподели

Битола синоќа го отвори срцето за магијата на седмата уметност. Со 46-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, градот под Пелистер уште еднаш се претвори во блескаво јадро на културниот пулс на кинематографијата, во кое историјата, традицијата и современоста се спојуваат во една вечна приказна.

На црвениот тепих зачекорија редица истакнати филмски уметници и љубители на филмот и донесоа елегантна нота на свеченото отворање.

За време на церемонијата, на публиката ѝ се обрати директорот на фестивалот Димитрија Доксевски:

По точно 19 години, стојам овде, на истото место со микрофон, во оваа сала малку во поинаква улога. Пред 19 години, како млад актер го отворав 27-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ како водител. Тогаш во протоколарниот ред седеше Томи Салковски, како сега, но во тоа време беше директор на фестивалот. Забележувам во последните два реда студенти, така беше и во тоа време и јас таму седев како студент и ете за 20 години можеби некој од вас ќе биде на ова место.

Изминативе 20 години често доаѓав на „Браќа Манаки“ со филмовите во кои што играв и секогаш се враќав со многу возбуда и со голема среќа да бидам овде. Она што го прави посебен овој фестивал се исклучителната селекција на филмови, луѓето кои доаѓаат, гостите и секако дружењето и запознавањето нови луѓе. Тоа е шармот, тоа е магијата на овој фестивал и никој никогаш нема да може да му го одземе. Тоа е кодот која што ќе трае засекогаш. Тој е нашиот сон. Ние сонуваме големи платна, сонуваме големи филмови. Некои да играат, други да снимаат, трети да монтираат, да продуцираат, да режираат. Наш сон, убав што го живееме токму овде. Да продолжиме наредните седум денови да сонуваме радост, да сонуваме љубов и да уживаме во овој фестивал. Да живее „Браќа Манаки“!

Фестивалот започна со прикажување на „Мајка“ на Теона Стругар Митевска инспириран од Мајка Тереза. Филмот раскажува интимна и драматична приказна за младата Тереза во Калкута, 1948 година, односно моментот кога таа чека одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да основа нов ред.

Во главната улога блеска Номи Рапас, која ја прикажува идната Мајка Тереза како сложена, човечна и противречна личност. Актерската екипа ја сочинуваат и Никола Ристановски, Силивија Хукс, Екин Чорапчи, Марајке Пиној и Лабина Митевска. Сценариото го потпишуваат Гоце Смилевски, Теона Стругар Митевска и Елма Татарaгиќ, а зад камерата стои наградуваната Виржини Сен-Мартин.

Погледнете фотографии од црвениот тепих на големото отворање на фестивалот кој го слави делото на браќата Јанаки и Милтон Манаки:

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

46-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува под мотото „Сон на платно“ и ќе трае до 26 септември.

Фото: Ивона Кочов, Александар Василевски / Femina.mk

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.