• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Модата како дел од филмската атмосфера на 47. „Браќа Манаки“

29 септември 2026, 12:50
  • cподели
Миланка Рашиќ

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, посветен на креативноста на светските кинематографери, има специфичен шарм и посебна филмска атмосфера.

Миланка Рашиќ, водителка и ТВ автор, со години е дел од магијата во Битола, а за нејзиното присуство и модниот избор вели:

Драго ми е што сум петта година на фестивалската сцена претставувајќи ги филмовите и присутните гости. Сметам дека треба да сум дел од таа препознатлива атмосфера и со изгледот на сцена. Да не се претерува, но да е впечатливо. 

Избравме интересни, тренди и елегантни комбинации во бордо и темно сино, чоколадно кафени нијанси, како и црна и бела боја. 

На свеченото отворање, кое секако бара повеќе гламур, носев елегантен розов светкав фустан, а за затворањето црн сатенски комплет со пантолони.

Вистинско задоволство е да се соработува со Весна Станковска и Офелија Станковска од „Ермитаж“, дами кои ги познаваат светските модни трендови и добро знаат што ми прилега. Посебно ги почитувам поради тоа што со години  ги поддржуваат и промовираат културните настани и фестивали во Македонија.

Миланка Рашиќ
Миланка Рашиќ
Миланка Рашиќ
Миланка Рашиќ
Миланка Рашиќ
Миланка Рашиќ
Миланка Рашиќ

Весна Станковска, која стои зад „Ермитаж“, за соработката споделува:

Соработката со Миланка ја започнавме во 2022 г Претходно ја гледав како гостинка во една ТВ емисија каде со многу почит и воодушевување зборуваше за фестивалот „Браќа Манаки“.  Дознав за нејзината работа на поранешните фестивалски изданија, специјалните емисии на Македонската Телевизија, интервјуа со лауреатите, водење на свеченото отворање и доделувања награди. Нејзината професионалност и непосредност ми оставија многу убав впечаток.

Се запознавме, започнавме успешно да соработуваме и таа носеше модни комбинации од „Ермитаж“ на премиери, фестивали и во нејзината емисија за филм „Во кадар“. 

Сметам дека со целото искуство, начинот на презентирање и со модниот избор, ѝ додава капка убавина на сцената на „Браќа Манаки“.

Весна Станковска и Офелија Станковска
Миланка Рашиќ
Миланка Рашиќ
Миланка Рашиќ
Tags
Миланка Рашиќ
Браќа Манаки 2026

Најнови

  • Миланка Рашиќ

    Модата како дел од филмската атмосфера на 47. „Браќа Манаки“

    Tue, 09/29/2026 - 12:50
  • Ноне Неделковска наполни 40 години, прослави во фитнес сала со торта со натпис: „Среќен роденден, принцезо Нона“

    Tue, 09/29/2026 - 12:06
  • „Ми изгоре душата“: Пејачот Маријан Стојаноски скршен по ненадејната смрт на 5-годишното синче Петар

    Tue, 09/29/2026 - 12:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.