• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Многу е убава“: Шминкерка ја разубави Блага Петреска, фановите одушевени од младоликиот изглед на 79-годишната пејачка

2 септември 2026, 09:44
  • cподели

Блага Петреска имаше впечатлив настап со кој ја одушеви публиката на 33. издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“.

79-годишната легендарна фолк-пејачка настапи со своја песна, а со неповторливиот глас и препознатливата харизма, освои награда за најдобра интерпретација на фестивалот.

За ова појавување таа избра елегантен тегетен фустан со чипкани детали и минималистички накит. За нејзината шминка се погрижи охридската мејкап артистка Мери која објави прекрасни фотографии од музичарката.

Денес имав огромна чест и привилегија да ја нашминкам прекрасната Блага Петреска – македонска пејачка на изворни и новокомпонирани песни, естраден уметник и една од најмоќните вокални интерпретаторки на македонската музичка сцена. ❤️ Блага Петреска 🎤

Блага е уметник со глас, емоција и неповторлива харизма. А за мене оваа средба има и посебна, емотивна вредност – пораснав со нејзините песни, со нејзиниот глас и музика која оставила трага во моето детство и во моите спомени. ✨

Денес, од голема љубителка на нејзината музика, имав чест да бидам дел од нејзината убавина и подготовка.

Чест и задоволство е да се нашминка жена чиј глас е дел од македонската музичка историја. ❤️🇲🇰
Блага, Ви благодарам за довербата и за прекрасната чест! ✨

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by M A K E U P - B Y - M E R I (@makeupmeri)

Објавата доби речиси 5.000 лајкови и многу позитивни коментари за младоликиот изглед на Блага која е пред прагот на деветтата деценија. Еве некои од нив:

„БЛАГА си има природна убавина ( од внатре и од надвор), а со шминката уште поубава.“

„Браво убава жена со убави црти и нашминкана уште е поубава, браво стварно е прекрасна секоја чест за вас си ја знаете работата. Не е нападно него многу убаво изгледа на неа секако да е на 30 години бравоо❤️☘️“.

„Одлично сработено, браво...но она што е многу поважно - кај нашата Блага Петреска , има природен "материјал" за да биде како кукла 😘😊🤗“.

„Нема старост за Блага секогаш убава и позитивна,браво за Блага“.

„Мила и драга Блага, вчера на фестивалот зрачеше од убавина, значи немам зборови“.

Tags
Блага Петреска

Најнови

  • „Многу е убава“: Шминкерка ја разубави Блага Петреска, фановите одушевени од младоликиот изглед на 79-годишната пејачка

    Wed, 09/02/2026 - 09:44
  • Неповторливата Калиопи пресреќна за настапот со Хозе Карерас: „Да се пее со Хозе е како некој да ти ја гали душата…“

    Wed, 09/02/2026 - 09:09
  • Македонски кандидат за Оскар е филмот „17“ на Косара Митиќ

    Tue, 09/01/2026 - 14:57
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.