Светлана Црнокрак постојано покажува дека годините се само бројка.
50-годишната манекенка и сопственичка на модното студио „Црнокрак“ изгледаше беспрекорно како гостинка на свадбена прослава. За свеченоста, Светлана избра златна креација која е дело на дизајнерката Ива Спасовска.
Долгиот, тесен фустан совршено ја следеше нејзината силуета, додека впечатливите реси и златните детали му даваа гламурозна нота на целиот изглед.
Светлана го надополни стајлингот со минималистички златни сандали и впечатливи обетки.
Светлана и нејзиниот сопруг Мики со децении се меѓу најпрепознатливите имиња во модниот свет кај нас. Таа наполни 50 години во февруари оваа година.