• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Младенци од Мостар воодушевија со својот гест: Наместо подароци за гостите, средствата ги донираа за онколошки пациенти

23 септември 2026, 11:30
  • cподели

Матеа Панџиќ и Јосип Кукуљ најсреќниот ден од нивниот живот одлучија да го споделат и со оние на кои им е најпотребна помош – онколошките пациенти.

Младенците од Мостар наместо да им даваат класични подароци за гостите на свадбата, решиле средствата да ги донираат во Фондацијата „Светло на надежта“, која стои зад проектот „Куќа на надежта“.

Станува збор за проект чија цел е да обезбеди сигурно место за престој и поддршка за пациентите болни од рак кои одат на лекување во Мостар.

На масите, наместо вообичаените свадбени подароци, гостите ги пречекале картички со порака: „Денес ја славиме љубовта, а сакаме таа да остави трага и во други животи.“

Нивната донација ќе биде дел од приказната за „Куќата на надежта“, која треба да им овозможи на пациентите кои одат во Мостар на лекување да имаат сигурно место за престој.

Гестот особено ја трогнал Антонела Вучиќ, раководителка на Фондацијата „Светло на надежта“, која истакнала дека одлуката на младенците е многу повеќе од обична донација.

„Во време кога младите често размислуваат нивниот ден да биде совршен, Матеа и Јосип решија да мислат на туѓите животи. Нивната одлука искрено нè трогна. Ова не е само донација, туку порака за надеж, вера и добрина“ – посочила таа.

На Instagram профилот на Фондацијата стои:

Додека тој ден сите ја славеа нивната љубов, Матеа и Јосип решија дел од таа љубов да му подарат на некого кого можеби никогаш нема да го запознаат. 🤍

Матеа Панџиќ и Јосип Кукуљ се венчаа на 29 август, а нивниот посебен ден доби уште едно, многу подлабоко значење. Наместо подароци за своите гости, решија средствата наменети за таа цел да ги донираат во нашата Фондација и за проектот „Куќа на надежта“ – место кое го градиме за онколошките пациенти кои доаѓаат во Мостар на лекување. 🙏🤍

А нам нивната приказна ни е особено драга. 😃

Затоа што „Куќа на надежта“ нема да биде само ѕидови и соби. Ќе биде место каде што еден пациент ќе најде кревет по долго патување. Место каде што едно семејство барем за момент ќе може да здивне. Место каде што некој, среде најтешките денови, ќе почувствува дека не е сам...

Затоа, драги Матеа и Јосип, заслуживте свое место на нашиот фид. ❤️

Ви благодариме што на денот кога го славевте почетокот на вашиот заеднички живот, помисливте и на животите на оние кои се борат.

Нека ви се врати илјадапати низ животот љубовта која им ја подаривте на другите. ✨️🎉

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Grupa Kontra (@grupakontra)

Tags
Матеа Панџиќ
Јосип Кукуљ

Најнови

  • Младенци од Мостар воодушевија со својот гест: Наместо подароци за гостите, средствата ги донираа за онколошки пациенти

    Wed, 09/23/2026 - 11:30
  • „Идната Јас“: Спотот за песната со која Ана Стојаноска ќе нè претставува на детската Евровизија

    Wed, 09/23/2026 - 10:19
  • Принцезата Кетрин беспрекорна покрај Вилијам на премиера, Том Круз како џентлмен ѝ подаде рака кога се симнуваа по скалите

    Wed, 09/23/2026 - 10:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.