Младата бунтовничка Луисана Лопилато занесна убавица покрај сопругот Мајкл Бубле во Марбеља
Луисана Лопилато како да не се менува. Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ беше специјална гостинка на свеченост во Марбеља и доби многу комплименти за младоликиот изглед.
39-годишната аргентинска актерка, која е мајка на 4 деца, изгледаше занесно во златна креација покрај сопругот Мајкл Бубле.
На манифестацијата, Лопилато ја освои наградата „Human Impact“, за нејзината посветеност во помагањето на другите и позитивното влијание коешто го остава во заедницата.
Луисана не криеше дека признанието длабоко ја трогнало, истакнувајќи дека постојат награди кои не ја слават само работата, туку допираат до нешто многу подлабоко.
Наградата нејзе ѝ ја врачи Антонио Бандерас.
Нејзиниот сопруг, пак, гордо сподели фотографии од посебните моменти и ѝ честиташе, порачувајќи ѝ дека „ги заслужува сите награди“.